Општина Пехчево: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
 
== Историja ==
Вгнездена како во кошничка , на крајниот исток од Мекедонија пулсира малата живописна Општина Пехчево. Административен центар е гратчето Пехчево ,распослано на двата брега на Пехчевска река, на надморска височина од 1000 метри, под падините на планината Влаина, опколено со големи и длабоки борови шуми, студени потоци и чист планински воздух.
Иако мало, ова гратче има долга и богата историја. Археолошките артефакти говорат дека на овие простори постоела населба уште во римско време во која се топела железна руда која се експлоатирала од Буковик. Според жителите, гратчето топонимот го должи токму на тие печки, односно пешчи. Во средновековието населбата била важен стопански и административен центар.
 
sv.Petka 001 Arh-naodi
Во околината на Пехчево има траги од населби од антиката и средниот век. Во месноста Градиште или Манастириште на десниот брег на Брегалница има остатоци од римско населба. Во подножјето на Буковик во месноста Рудиште или Раковец на три километри источно од Пехчево, исто така има остатоци од големо античко и средновековна рударски населба. Во Буковик има остатоци од уште една населба од доцната античност, а во месноста Во реката - остатоци од рудник од истиот период. Во месноста населба на север од Пехчево има касно-античко село, а во месноста Спиково на 4 километри источно од градот - остатоци од старохристијанска црква.
Според пописот од 2002 година, градот има 3 237 жители.