Финска православна црква: Разлика помеѓу преработките

нема опис на уредувањето
[непроверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
По [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]], Финска добила независност. Во независната држава, православната црква добила статус на државна религија, заедно со лутеранската црква. Во [[1921]] година, московскиот патријарх Тихон и доделил статус на автономна црква. Согледувајќи го хаосот кој се вршел над [[Руска Православна црква|Руската Православна црква]] во Русија, Финската црква се обратила кон [[Цариградската патријаршија]] со молба за признавање. Така, на [[6 јули]] [[1923]] година, Финската Православна црква добила статус на автономна црква со ранг на архиепископија под јурисдикција на [[Цариградската патријаршија]].
Главното седиште на православните христијани било во [[Република Карелија|Карелија]]. По крајот на [[Втората светска војна]], населението се раселило по целата земја, и со ова биле основани нови парохии. Во [[1950]] година биле основени две епархии, кои ја опфаќале целатцелата земја. За централниот дел од земјата била основена Карелска епархија, а за јужниот, Хелсиншка епархија.
 
Денеска, црквата има ранг на автономна во рамките на Цариградската патријаршија. На чело на црквата се наоѓа архиепископот карелски и на сите Финци, Лав. Црквата денеска има три епархии, 24 парохии и два манастира. Црквата го користи грегоријанскиот календар.
Анонимен корисник