Жил Ардуен Мансар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 23 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q8053 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Jules Hardouin Mansart by Lemoyne.jpg|мини|десно|Мермерна биста на Жил Ардуен Мансар од [[Жан-Луј Лемоан]] во раскошна свечена облека]]
[[Податотека:Dampierre en Yvelines Chateau 02.jpg|мини|десно|250п|Дворецот Дампје-ан-Ивлин во одомаќинет барокен стил на француската аристократија]]
'''Жил Ардуен Мансар''' ([[француски јазик|француски]]: ''Jules Hardouin-Mansart''), ({{роден во|Париз|}}, {{роден на|16|април|1646}} - [[Марли- ле- Роа]], {{починал на|11|мај|1708}}) бил [[Франција|француски]] [[архитект]] чии дела се сметаат за врвот на [[француска барокна архитектура|француската барокна архитектура]], означувајќи ја моќта и величенственоста на кралот [[Луј XIV]].
 
==Биографија==
Роден е како Жил Ардуен, и учел кај прославениот брат на дедо му, [[Франсоа Мансар]], еден од основачите на класичната традиција во [[француска архитектура|француската архитектура]]; Ардуен потоа ја наследил неговата збирка на планови и нацрти и го присвоил неговото прочуено име. Учел и од [[Либерал Бриан]], архитектот на болницата на кралските ветерани во Париз, неречена ''Les Invalides'' („[[Инвалидски дом (Париз)|Инвалидски дом]]“). Ардоен Мансар станал главен архитект на [[Луј XIV]], најпрвин доградувајќи го кралскиот [[дворец Сен- Жермен- ан- Ле]], а потоа [[Версај]] од [[1675]]. Тогаш станал и Надзорник на [[Згради на кралот|Зградите на кралот]] (''surintendant des Bâtiments du Roi''). Ги проектирал сите додатоци, проширувања и преградувања во [[Версај]] за кралот, меѓу кои и северното и јужното крило, Кралската капела (со [[Робер де Кот]], 1710), и славната [[Сала на огледалата]] украсена од [[Шарл Ле Брен]] како негов соработник. Вон потесниот дворец, негови дела се и [[Голем Тријанон|Големиот Тријанон]] и [[Оранжерија]]та, како и споредните кралски згради недалеку од овде, како дворецот [[Марли (дворец)|Марли]] (започнат 1679).
 
Меѓу неговите најпознати дела во Париз се мостот [[Пон- Ројал]], црквата [[Сен- Рош]], големата засводена кралска капела ''Eglise du Dome'' посветена на Св. Луј во болницата „[[Инвалидски дом (Париз)|Инвалидски дом]]“ (проект. 1680), [[Плоштад на победите|Плоштадот на победите]] (1684–86) проследен од [[Вендом (плоштад)|плоштадот Вендом]] (1690). Речиси сите овие дела имаат оставено силна трага врз карактерот на [[Париз]] и лесно можат да се видат од денешниот турист.
 
Заради неговата највисока позиција, Мансар мал прилика да ги гради најважните споменици во неговото време, и да воспостави стилот за воздржаната подоцнежна [[барокна архитектура]], реформирана со академски детали, со влијание дури до Санкт Петербург и Цариград. Од друга страна, големиот број на неговиот помошен персонал предизвикува критики дека тој бил помалку од директно одговорен за делата градени во негово име.
 
Ардуен- Мансар се смета за еден од најважните европски архитекти од [[XVII век]].
 
 
Мансар ја користел [[мансарда]]та, именувана по неговиот претходник, во дворецот Дампје- ан-Ивелин Ивлин, изграден за [[Шарл Оноре Далбер|војводата од Шеврејз]], зетот на [[Жан- Батист Колбер]], патрон во центарот на дворот на [[Луј XIV]]. Овој француски [[барок]]ен дворец од скромна големина лежи зад убава ограда од ковано железо, окружен со главниот блок на неговите помошни згради, симетричен и поврзан со балустради. Традиционален француски елемент се силно издадените павиљони. Зад ова, централната оска се протега помеѓу некогашните [[партер]]и, сега косена трева. Паркот со формално обликувана вода бил осмислен од [[Андре Ле Нотр]]. Ентериерите се раскошни. Заради неговата скромна големина, овој дворец нѝ дава можност да го споредиме стилот со другите дворци како [[Хет Ло]].
 
==Галерија==