Марк Цукерберг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 84 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q36215 (translate me)
Sezgin
Ред 18:
Страницата се зголеми во текот на викендот, но до понеделникот утрото, Универзитетот ја прекина бидејќи нејзината популарност го преплавила серверот на Харвард и ги спречила студените да пристапат кон мрежата. Згора на тоа, многумина студенти се пожалиле дека нивните фотографии биле искористени без нивна дозвола. Цукерберг јавно се извинил, иако студентскиот весник објавил написи, изјавувајќи дека неговата страница била „сосема незаконска“.
Сепак, во времето на „забавната“ страница на Цукерберг, студентите веќе барале од Универзитетот да развие web-страница која ќе вклучи слични фотографии и подробности за контактите и која ќе биде дел од компјутерската мрежа на факултетот. Според Хасит, „Марк слушнал за овие молби и одлучил доколку веќе факилтетот ништо не прави, тој самиот да преземе нешто во врска со тоа, и создал страница која била дури подобра од она што Универзитетот го подготвувал“.
Sezo is the best from away :)
=== Facebook ===
 
[[Податотека:Mark_Zuckerberg,_World_Economic_Forum_2009_Annual_Meeting.jpg|мини|десно|алт=Цукерберг на Светскиот Економски Форум во 2009.|Цукерберг на [[Светскиот Економски Форум]] во [[Давос, Швајцарија]] (Јануари 2009).]]
==== Основање и цели ====
Цукерберг го промовирал Facebook на 4-ти февруари од својата соба во студентскиот дом. Рана инспирација можеби пронашол во приватната гимназија [[Phillips Exeter Academy]], во која што матурирал во 2002. Со објавувањето на сопствениот адресар „PhotoAdressBook“ (некогаш познат како “E Book”), но кој што студентите го опишувале како „The Facebook“. Таквите адресари со фотографии, претставувале значаен дел од друштвеното искуство на студентот во многу приватни училишта. Во нив, студентите можеле да ги набројат особините, како што се: студентски години, нивната блискост со пријателите и нивните телефонски броеви.
На факултетот, Facebook-от на Цукерберг започнал едноставно како „Проектот на Харвард“, се додека тој не се одлучил да го рашири во другите училишта, со помош на цимерот [[Дастин Московиц]]. Прво започнале во [[Стенфорд]], [[Дартмут]], [[Колумбија]], [[Универзитетот во Њу Јорк]], [[Корнел]], [[Браун]] и [[Јеил]], а потоа и во другите училишта кои што имале друштвени контакти со Харвард.
Цукербер заедно со Московиц и некои пријатели се преселил во [[Пало Алто]], [[Калифорнија]]. Тие изнајмиле малечка куќа, која им служела како канцеларија. За време на летото, Цукерберг го запознал [[Питер Тајл]] кој што инвестирал во компанијата. Првата канцеларија ја добиле кон средината на 2004. Според Цукерберг, групата планирала да се врати на Харвард, но конечно се одлучиле да останат во Калифорнија. Тие веќе ги одбиле големите корпорации за откупување на Facebook. Во едно интервју во 2007, Цукерберг го образложил своето размислување:
„Не е поради парите“. За мене и за моите колеги, најважното нешто е тоа што создадовме отворен проток на информациите за луѓето. Не ме привлекува помислата [[конгломератите]] да ги поседуваат малите корпорации.
Тој ги повторил истите цели на списанието „Вајрд“ во 2010: „Она што навистина ми значи е мисијата, да го направам светот отворен“. Претходно во април 2009, Цукерберг побарал помош за финансиските стратегии на Facebook од поранешниот [[финансиски директор]] на [[Нетскејп]] [[Питер Кари]].
На 21 јули 2010, Цукерберг објавил дека компанијата достигнала до 500 милиони корисници. Како последица на феноменалниот пораст на Facebook, кога го прашале дали со рекламите би можел да заработи повеќе, тој објаснил:
Претпоставувам би можеле... Доколку забележите, колку многу нашата страница е окупирана со реклами, во споредба со просечните прашања за пребарување. Просечното за нас изнесува помалку од 10 % на страниците, а просечното за пребарување изнесува околу 20 % окупирани со рекалми... Тоа е наједноставното нешто што би можеле да го направиме. Но, не сме такви. Ние заработуваме доволно пари. Значи, мислам дека ги одржуваме нештата со посакуваното темпо.
Во 2010, Стивен Леви, автор на книгата [[Хакерите: Херои на компјутерската револуција]], напишал дека Цукерберг „ [[очиглдено самиот себеси се смета захакер]].“ Цукерберг изјавил дека: „е во ред да не ги почитуваш нештата, за да ги направиш подобри“.Facebook ги вовел „[[хакатоните]] “ кои се одржувале на секои шест до осум недели и во кои учесниците имале една ноќ за да замислат проект и да го завршат. Компанијата за време на хакатоните обезбедувала: музика, храна и пиво, а редовно присуствувале и многумина од членовите на персоналот на Facebook, вклучувајќи го и Цукерберг. Цукерберг му рекол на Леви дека, „Идејата е во можноста, за една ноќ да се создаде нешто навистина добро. А тоа сега е дел од личноста на Facebook... А сигурно е и во сржта на мојата личност“.
Списанието [[Венити Фер]] го назначил Цукерберг за број 1 на нивната листа на Топ 100 „највлијателни луѓе во Ерата на информациите“. Цукерберг се најде на 23-то место во листата Венити Фер 100 за 2009. Во 2010, Цукерберг бил избран како 16-ти од 50 највлијателни личности во годишното истражување на [[Њу Стејтмен]].
==== Wirehog ====
Еден месец по лансирањето на Facebook, во февруари 2004, [[Вејн Ченг]] ја креирал [[i2hub]], друга услуга наменета само за универзитетскиот комплекс. i2hub се фокусирал на тоа сите заеднички да ги користат датотеките. Во тоа време, i2hub и Facebook го привлекле вниманието на весниците и набрзина стекнале корисници и публицитет. Во август 2004, Цукерберг, [[Ендрју МекКолам]], [[Адам де Анџело]] и [[Шон Паркер]] лансирале конкурентска услуга за заедничко користење на датотеките, наречена [[Wirehog]]. Таа била претходник на апликациите за Facebook Platform. Нејзиниот коефициент бил слаб во спредба со оној на i2hub, па поради тоа, следното лето, Facebook конечно ја прекинал Wirehog.
==== Platform и Beacon ====
На 24 мај 2007, Цукерберг ја објавил развојната платформа [[Facebook Platform]], за програмерите да создаваат општествени апликации внатре во Facebook. За неколку недели, биле создадени многу апликации, од кои некои веќе имале милиони корисници. Развивачите во светот, кои создавале апликации за Facebook Platform се зголемиле на повеќе од 800000. На 23 јули 2008, Цукерберг ја објавил Facebook Connect верзијата за корисници на Facebook Platform.
На 6 ноември 2007, Цукерберг го објавил новиот општествен систем за рекламирање Beacon, кој што им овозможувал на луѓето да ги споделуваат информациите засновани на пребарувањата на други страници со нивните пријатели од Facebook. На пример, продавачите на [[eBay]] би можеле автоматски да ги известуваат пријателите за она што го имаат на продажба, преку набројување на предметите на Новостите на Facebook. Програмата се нашла под критичко разгледување, поради загриженоста на групите и индивидуалните корисници за приватноста. Цукерберг и Facebook не успеале брзо да реагираат, а на 5 декември 2007, Цукерберг објавил на блогот на Facebook дека ја преземал одговорноста за загриженоста на корисниците во врска со Beacon и им понудил полесен начин да се повлечат од услугата.
==== Правни спорови ====
====Судските постапки на „ConnectU“====
Студентите на Харвард: [[Камерон Винклвос]], [[Тајлер Винклвос]] и [[Дивја Нарендра]] го обвиниле Цукерберг за намерно ги убедувал дека ќе им помогне да создадат општествена мрежа наречена HarvardConnection.com (подоцна наречена [[ConnectU]]). Во 2004, започнале судска постапка, но била прекината поради формалност на 28 март 2007. Набрзо потоа, постапката повторно била започната на федералниот суд во Бостон. Фејсбук поднел противтужба во однос на проектот Social Butterfly, спроведен од [[Винклвос-Ченг групацијата]], наводното партнерство помеѓу ConnectU и [[i2hub]]. На 25 јуни 2008, случајот се разрешил и Facebook се согласил да префрли повеќе од 1,2 милиони заеднички акции и да ги исплати во готово 20 милиони долари.
Во ноември 2007, тајни судски документи биле објавени на web-страницата на списанието [[02138]], кое што им служело на бившите студенти на Харвард. Во нив бил вклучен бројот на здравствената легитимација на Цукерберг, домашната адреса на неговите родители и адресата на неговата девојка. Facebook поднел барање за отстранување на тие документи, но судијата пресудил во корист на 02138.
==== Пакистанската кривичната истрага ====
Во јуни 2010, Мухамед Азар Сидик, заменикот на Врховниот обвинител во [[Исламската]] Република [[Пакистан]] започнал кривична истрага против Цукерберг и другите основачи на Facebook: [[Дастин Московиц]] и [[Крис Хјуз]], откако на Facebook бил организиран натпреварот „[[Нацртај го Мухамед]]“. Истрагата исто така ја открила и анонимната Германка која го креирала натпреварот. Сидик ја замолил државната полиција да контактира со Интерпол за да ги уапси Цукерберг и другите тројца поради [[богохулење]]. На 19 мај 2010, web-страницата на Facebook била привремено блокирана во Пакистан, се до крајот на мај кога натпреварот бил отстранет од Facebook. Сидик исто така го замолил нивниот претставник во [[Обединетите Нации]] да го покрене прашањето во [[Генералното Собрание на Обединетите Нации]].
==== Пол Цеглија ====
На 30 јуни 2010, сопственикот на компанијата за [[енергетски бригети]] во [[округот Алегани]] во северниот дел на [[Њу Јорк]], Пол Цеглија поднел тужба против Цукерберг барајќи 84% од сопственоста на Facebook и паричен надоместок. Според изјавата на Цеглија, на 28 април 2003, тој потпишал договор со Цукерберг во кој со почетна членарина од 1000 долари, од 1 јануари 2004, по завршувањето на веб-страницата, Цеглија имал право на 50 % од приходите на веб-страницата, како и на додатен 1% камата дневно при работењето. Тогаш Цукерберг работел на други проекти, меѓу кои и на Facemash, претходникот на Facebook, но тој до 1 јануари 2004, не го пријавил името thefacebook.com. Управата на Facebook ја отфрлила тужбата како „сосема безначајна“. Претставникот на Facebook, Бери Шнит изјавил на новинар дека адвокатот на Цеглија безуспешно побарал спогодба надвор од судот. Во интервју за [[ABC World News]], Цукерберг изјавил дека никогаш не потпишал таков договор и дека бил убеден во тоа. Во тоа време, Цукерберг работел за Цеглија како софтверски проектант на проектот „StreetFax“. Судијата Томас Браун издал [[забрана]] за финансиски префрлања поврзани со Facebook, додека не се донесе следната одлука. Како одговор на тоа, Facebook го префрлил случајот на [[федерален суд]] и побарале судската забрана на државата да биде поништена. Според Facebook, забраната немало да влијае на нивната работа, но им недостасувала правна основа.
=== Медиумски описи ===
==== Општествена мрежа ====