Депозит: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 1:
== Депозит ==
Најголем дел од обврските на банките се јавуваат во вид на разни ''депозити'' што населението, [[Финансиски друштва|финансиските друштва]], нефинансиските друштва, државните органи и непрофитните организации ги вложиле во банката. Прибирањето депозити е една од двете основни групи активности на банките како финансиски посредници. Притоа, тие имаат огромно значење во работењето на банките, бидејќи претставуваат основен извор на [[Парични средства|парични средства]] од кои банките одобруваат [[Кредит|кредити]].
 
== Поим и карактеристики ==
За секоја [[Банка|банка]] е исклучително важно да го обезбеди потребниот износ депозити по определена разумна цена. Во таа смисла, депозитното работење има непосредно влијание врз профитабилноста на банката и врз можностите за растеж. Оттука, банката мора да биде подготвена да одговори на конкурентските притисоци така што ќе нуди нови депозитни производи под конкурентни услови. Конкретните видови и карактеристики на депозитните производи се разликуваат од една до друга банка, како одраз на нивните напори да задоволат различни потреби и барања на потрошувачите.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Депозит