Депозит: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 6:
 
== Видови на депозити ==
Во основа депозитната база на банките ја сочинуваат следниве видови депозити:
* ''трансакциски депозити'',
* ''штедни депозити'' и
* ''други форми на депозити''.
=== Трансакциски депозити ===
Трансакциските депозити (анг. transaction deposits) се поврзани со платниот промет како традиционална функција што ја извршуваат банките. Тие претставуваат денарски и девизни сметки што луѓето, претпријатијата и другите организации ги отвораат кај банките со цел да вршат разни плаќања, поврзани со нивните секојдневни трансакции (купување производи, набавка на материјали, плаќање сметки итн.) Се разбира, за да можат да ги искористат за плаќање, сопствениците на овие сметки мора да имаат непречен пристап до парите. Со други зборови, парите на овие сметки немаат никаков договорен рок на орочување, т.е. можат да се повлечат во секое време, според желбата на нивните сопственици и затоа се познати и како депозити по видување (анг. demand deposits). И покрај тоа што немаат рок на достасување, трансакциските депозити се одликуваат со голема стабилност, т.е. овие парични средства најчесто остануваат во банката долг временски период. Имено, овие депозити не се каматноеластични, т.е. слабо реагираат на промените на пазарните каматни стапки.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Депозит