Депозит: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12:
=== Штедни депозити ===
За разлика од трансакциските депозити, коишто служат за финансирање на тековните расходи, штедните депозити (анг. savings deposits) ги претставуваат слободните парични средства на населението и правните лица. Овие парични средства вообичаено се чуваат за финансирање на идната потрошувачка или пак како резерва за покривање на непредвидените расходи. И штедните депозити можат да бидат по видување, макар што најголем дел од нив се орочени, при што рокот на орочување може да се движи од еден или неколку дена, преку повеќе месеци, па се до неколку години.
Имајќи предвид дека се работи за орочени депозити, тие носат далеку повисоки каматни стапки во споредба со трансакциските, коишто се движат дури и до 10% на денарските и 5% на девизните [[Штеден влог|штедни влогови]]. Треба да се забележи дека сопствениците на штедните депозити се многу заинтересирани за приносот што го остваруваат на вложените парични средства, така што овие депозити се одликуваат со повисока каматна еластичност. Имено, во случај на пораст на каматните стапки, голема е веројатноста дека сопствениците на овие депозити ќе ги повлечат парите и ќе побараат поповолни можности за нивно инвестирање. Тоа особено се однесува на правните лица и на крупните штедачи, додека искуството покажува дека ситните штедачи помалку реагираат на промените на каматните стапки. Оттука, наспроти фактот дека се работи за орочени депозити, еден дел од нив влегува во групата на нестабилни депозити.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките- второ издание'', Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 235.</ref>
 
=== Други видови депозити ===
Традиционалната поделба на трансакциски и штедни депозити се надминува како резултат на финансиските новини, т.е. со текот на времето, банките почнале да нудат и хибридни форми на депозити, коишто претставуваат комбинација на трансакциските и штедните депозити. На пример, некои банки им нудат на клиентите можност да отворат орочени депозити од кои можат да повлекуваат пари во секое време пред рокот на орочување. Исто така, сопствениците на овие сметки можат во секое време да вршат дополнителни уплати без потреба од склучување дополнителни договори. Овие депозити носат високи каматни стапки, слични на каматните стапки на орочените депозити, но каматата се пресметува само на износот што останува орочен, додека во случај на предвремено повлекување на парите, банката пресметува камата како да се работи за депозит по видување.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Депозит