Депозит: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 2:
Најголем дел од обврските на банките се јавуваат во вид на разни ''депозити'' што населението, финансиските друштва, нефинансиските друштва, државните органи и непрофитните организации ги вложиле во банката. Прибирањето депозити е една од двете основни групи активности на банките како финансиски посредници. Притоа, тие имаат огромно значење во работењето на банките, бидејќи претставуваат основен извор на парични средства од кои банките одобруваат кредити.
=== Поим и карактеристики ===
Затоа, заЗа секоја банка е исклучително важно да го обезбеди потребниот износ депозити по определена разумна цена. Во таа смисла, депозитното работење има непосредно влијание врз профитабилноста на банката и врз можностите за растеж. Оттука, банката мора да биде подготвена да одговори на конкурентските притисоци така што ќе нуди нови депозитни производи под конкурентни услови. Конкретните видови и карактеристики на депозитните производи се разликуваат од една до друга банка, како одраз на нивните напори да задоволат различни потреби и барања на потрошувачите.
Депозитите, посебно оние на населението, претставуваат стабилни извори на средства, затоа што се одликуваат со ниска еластичност во однос на промените на каматните стапки. Имено, при пораст на каматните стапки, населението, како и претпријатијата што одржуваат долготрајни блиски односи со банката, обично не ги повлекуваат парите со цел да ги инвестираат на друго место во потрага по повисока заработка. Меѓутоа, големите клиенти, коишто на своите сметки располагаат со поголеми износи на слободни парични средства, реагираат поинаку при пораст на пазарните каматни стапки, т.е. многу брзо можат да ги повлечат парите од банката и затоа, нивните депозити немаат карактер на стабилни извори на средства. Исто така, депозитите на населението се разликуваат од депозитите на другите институционални сектори по тоа што само тие се покриени со системот на осигурување во случај на ликвидација на банката.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Депозит