Ново Село (штипска населба): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 20:
 
== Историja ==
[[Податотека:Stara Kukja Novo Selo.JPG|мини|лево|250п|Традиционална архитектура во Ново Село]]
 
Ново Село е една од најстарите населби во [[Штип]]. Иако нема прецизни податоци за нејзиното формирање, се претпоставува дека Ново Село постоело како посебна населба уште пред [[13 век]], а за тоа сведочат бројните цркви од тој период, меѓу кои е и црквата [[св. Спас]], која е најстарата црква во околината на Штип. Во текот на 13 и [[14 век]], Ново Село било вакаф на султанот [[султан Бајазит|Бајазит]], а потоа, во времето на султанот [[султан Мурат|Мурат]], Ново Село било прогласено за војничка и чуварска населба, со што добило посебни права и привилегии. Според пописот од [[1519]] година, во Ново Село живееле 21 христијански семејства. Во [[19 век]], Ново Село имало важна улога во будењето на националната свест и борбата против турското ропство, особено со доаѓањето на [[Дамјан Груев]] и [[Гоце Делчев]], кои во Ново Село работеле како учители.<ref>''ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот''. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 42-43.</ref>