Свети Кирил: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
 
== Биографија ==
{{биографија}}.
 
Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј не тргнал по стапките на својот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својат епоха. Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само деца од богати семејства. Но за разлика од нив, кои повеќето од времето го поминувале во лов и слични забави, целосно се посветил на учењето и за кратко време во се ги надминал своите другари. Уште на седумгодишна возраст почнал да се итересира за филозовската наука. Во тоа му помогнало и знаењето на повеќе јазици. Покрај грчкиот јазик, кој како официјален државен јазик добро го совладал во солунските училишта, Константин го совладал и еврејскиот јазик кој го научил од своите другарчиња и солунската чаршија. Последните ученички години за Константин во Солун биле исполнети со голема тага поради смртта на таткому Лав во 841 година. Роднините и пријателите на семејството на Лав и Марија не допуштиле 14-годишниот Константин да не го продолжи школувањето. Тие му овозможиле на талентираниот Константин на 15-годишна возраст да замине во Цариград и да го продолжи школувањето во прочуената Магнаурска школа, која била сместена на византискиот двор и израснала во универзитет. По извршената реформа во оваа школа позначајно место им било дадено на геометријата, астрономијата, аритметиката, музиката и други предмети. Во оваа школа Константин имал среќа да се напојува од знаењето на повеќе познати учени луѓе, меѓу кои предничеле Лав Математичар (Филозоф) и Фотиј, кој подоцна станал и цариградски патријарх. Константин за кратко време длабоко навлегол во тајните на философската наука, граматиката и други дисциплини. Истовремено одлично ги совладал и грчкиот, латинскиот, сирискиот и евреискиот јазик.