Охридски рамковен договор: Разлика помеѓу преработките

с
Отстрането уредувањето на 46.217.74.131 (разговор), вратено на последната верзија на Zdravko
[непроверена преработка][проверена преработка]
с (Отстрането уредувањето на 46.217.74.131 (разговор), вратено на последната верзија на Zdravko)
== Преговори ==
 
Преговорите се одвивале во [[вилатаВилата Билјана]] во [[Охрид]] во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму името Охридски договор.
 
Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ [[Борис Трајковски]], претставниците на политичките партии: [[Бранко Црвенковски]], претседател на [[СДСМ]], [[Љубчо Георгиевски]], претседател на [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Имер Имери]], претседател на [[ПДП]], и [[Арбен Џафери]], претседател на [[ДПА]], потоа претставници на ЕУ: [[Франсоа Леотар]] и [[Хавиер Солана]], претставници на САД: [[Питер Фејт]] и [[Џејмс Пердју]], разни советници и експерти: [[Владо Поповски]], [[Љубомир Фрчковски]] и други.
 
Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.<ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=96332 А1, 13.08.2008: Пердју: Охридските преговори беа многу тешки]</ref>