Готска архитектура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 9:
== Дејство ==
 
Готската архитектура настанала од трансформацијата, монументализацијата и новите архитектурни елементи во [[Романеска|романеската]] во [[Франција]] во областа [[Ил- де- Франс]], од каде биле користени елементи и од романеската во [[Нормандија]].
 
Кон крајот на [[12 век]], [[Европа]] била разделена на множество градови, држави и царства. Зоната која тогаш ја опфаќала модерна [[Германија]], [[Белгија]], [[Холандија]], [[Луксембург]], [[Швајцарија]], [[Австрија]], источна [[Франција]] и голем дел од северна [[Италија]] номинално била дел од [[Свето Римско царство|Светото Римско царство]], каде местните владетели имале значителна автономија. [[Англија]], заедно со [[Франција]], [[Шкотска]], [[Сицилија]] и [[Шпанија]] биле независни царства. [[Норвешка]] била под влијание на [[Англија]], [[Полска]] под [[Германија]].
 
Во [[Франција]] [[вар|варовникот]] бил лесно достапен во неколку степени. Многу фин бел варовник од [[Кан (Нормандија)|Кан]] (Нормандија) се користел за декоративни скулптури. Англија исто така имала големи извори на [[варовник]], [[мермер]] и [[песок]]. За разлика од нив, во северна [[Германија]], [[Холандија]], [[Скандинавија]] и [[Полска]], овие материјали биле многу малку достапни за местните градежници. Во Италија, каменот бил користен, како и тулата. Мермерот бил доста застапен при изработка на определени објекти. За прва готска катедрала се смета дека била изградена во [[Франција]] во [[Сен- Дени]], која била срушена во [[12 век]].
 
За најрана готска архитектура се смтаат скулптурите, создавани за катедралите и црквите. Малку покасно започнало создавање на творби кои биле сврзани најчесто со [[Стар Завет|Стариот]] и [[Нов Завет|Новиот Завет]].