'''Китка''' е— [[планина]] во [[Македонија]], која се наоѓа југоисточно од градот [[Скопје]]. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив [[Мокра Планина]] и претставува негова североисточна гранка. На запад се поврзува со планината [[Караџица]], а на југ со [[Голешница]]. Највисок врв е врвот Лисец со 1.588 метри [[надморска височина]]. Билото на планината Кита претставува [[вододелница]] на долините на [[Маркова Река|Маркова]] и [[Кадина Река]]. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја (даб, јасика). На нејзината северо-западна падина е расположена областа [[Торбешија]].