Ресен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Tegel (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 79.126.236.64 (разговор), вратено на последната верзија на Raso mk
Ред 56:
'''Ресен''' е општински центар и мал [[град]] со 8848 жители (попис 2002). [[Општина Ресен|Општината Ресен]] е расположена во југозападниот дел од [[Република Македонија]] во [[котлина Преспа|Преспанската котлина]]. Опкружена е со високи планини. [[Планина Баба|Баба]] од источната страна, [[Галичица]] од Запад, [[Бигла]] од северната страна. Локалната власт, деловни и важни институции се ситуирани во Ресен. [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]], [[Национални паркови|националните паркови]] [[Галичица]] и [[Пелистер]] му даваат на регионот посебна убавина. Преспанското Езеро е второ по големина во [[Република Македонија]]. Сместено е на јужната страна од Преспанската котлина помеѓу планините Галичица и [[Планина Баба|Баба]] 835 m надморска висина. Културата во Преспа датира уште од [[Неолит]]от. [[Виа Игнација]] поминувала низ котлината за време на [[Римска Империја|Римската Империја]]. Постојат голем број на [[споменик|споменици]] на [[уметност]]а во регионот. Најпопуларен е [[Св. Ѓорѓи (Курбиново)|манастирот]] во [[Курбиново]] изграден во [[1191]] год. [[Грнчарство]]то е развиено во Преспа уште во минатото и сѐ уште е присутно благодарение на [[Ресенска Kерамичка Колонија|Ресенската Kерамичка Колонија]]. Керамичката Колонија претставува дом за многу светски познати грнчари одсекаде, за време на летниот период, секоја година.
 
== Историја ==
ne te briga
=== Античка и средновековна историја ===
Во антиката просторот на Преспа бил населен од горно-македонското племе Орести. При Филип II тие се цврсто споени со македонската држава.
 
За време на Римската империја низ Преспа поминувал познатиот староримски пат „Виа Игнациа“. Покрај него биле изградени повеќе населби и попатни страници. Една од нив била Скиританија, на чие место подоцна израснала словенската населба Ресен.
 
Во 6 и 7 век во реонот се населува словенското племе Брсјаци.
 
[[Податотека:Resen old.jpg|мини|лево|300п|Панорама на Ресен во почетокот на XX век]]
 
Прв пат Ресен се спомнува како средновековна населба во една повелба на Душановиот законик од [[1337]] год, под името '''Росне'''.Во еден попис од [[16 век]] населбата е регистрирана како Ресне. За време на владеењето на Стефан Душан ([[14 век]]) истотака како населби се спомнуваат и Јанкоец, Љубојно, Наколец, Нивици, и Глобочани и самата област Преспа (рибари од Преспа). Во 18 век со развојот на трговијата и занаетчиството Ресен прераснува во мала градска населба.
 
=== Османлиско ропство ===
За време на [[Илинденското востание]] во август 1903 во Ресен и неговата околина се воделе жестоки борби. Иако дошло до ослободување на повеќе преспански села, градот Ресен не бил ослободен. Во втората половина на август во Ресен пристигнале три одреди турска војска и броен башибозук, вкупно околу 600 души со цел да ги задушат востаничките сили во реонот.<ref>{{цитирана веб страница| url = http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=55&tid=1161| title = Илинденско востание - Борбите во Ресенско| publisher = www.macedonium.org }}</ref>
 
Во градот Ресен започнала [[Младотурската револуција]] на 3 јули 1908 година кога турскиот офицер [[Ахмед Нијази-бег]] организирал прва востаничка чета составена од турски војници и граѓани. Кон оваа револуција масовно се приклучиле и Македонците. Целта на револуцијата била модернизација, уставотворност и демократизација на земјата.
 
=== Современа историја ===
[[Податотека:St. George Church in Resen 13.JPG|мини|лево|Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Ресен]]
 
За време на фашистичката окупација, Преспа доживува уште едно распарчување. Северниот дел со градот Ресен потпаднал под бугарска окупација,а делот јужно од Ресен под италијанска окупација и приклучен кон т.н. [[Голема Албанија]].
 
Уште во [[1941]] год комунистите од Преспа ги започнаа подготовките за оружена борба против окупаторите. Пролетта [[1942]] беа формирани првите партизански групи, а на [[6 јули]] [[1942]] год над с.[[Златари]] бил формиран Битолско- преспанскиот партизански одред "'''Даме Груев'''".
На [[2 август]] [[1943]] во непосредна близина на с.[[Отешево]] било одржано познатото Преспанско советување, на кое присуствувале членовите на ЦК на КПМ главниот штаб на НОВ и ПОМ.Тука биле донесени важни одлуки за понатамошниот разгор на востанието во Македонија.
Голем број преспани активно учествуваа во повеќе единици на НОВ на Македонија. Дефинитивно Преспа своето ослободување го дочека на [[11 септември]] [[1944]] год.
Во единиците на НОВ и партизанските одреди од Преспа учествувале 1902 борци. Од нив носители на "Партизанска споменица 1941" биле 29 борци. Поетот [[Мите Богоевски]] ,бил прогласен за народен херој. Во борбите за ослободување на Македонија загинале 128 борци. Поистакнати команданти и раководители од Преспа се: [[Наум Веслиевски - Овчарот]], [[Мите Трповски-Војводата]], [[Цветко Узуновски-Абас]] и мн.други.
 
== Географија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ресен