Мекленбург-Западна Померанија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
== Историја ==
 
[[Податотека:Großsteingrab Lancken 1 - Lancken-Granitz, Insel Rügen.jpg|мини|Еден од илјадниците монолити во Мекленбург-Западна Померанија - [[долмен]] Ланкен-Границ]]
Старата [[Померанија]] (''Pommern''), која се состои од градот [[Шчеќин]] (Штетин, односно ''Stettin'') и земјата источно од реката [[Одра]] (''Hinterpommern''), сега е дел од [[Полска]]. [[Западна Померанија]] (''Vorpommern'') била под [[шведска]] контрола од [[Вестфалски Мир|Вестфалскиот Мир]] во [[1648]] година до анексијата со [[Прусија]] во [[1720]] и [[1815]].
[[Податотека:Putgarten, Kap Arkona (2011-05-21) 3.JPG|мини|десно|Словенската прстенеста тврдина на ’ртот [[Аркона]] (остров [[Риген]])]]
[[Податотека:Nikolaikirche Rathaus HST.jpg|мини|Доцносредновековна архитектура во готски стил со тули во [[Штралзунд]], денес [[светско културно наследство]].]]
 
По завршувањето на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] и [[Повторно обединување на Германија|повторното обединување на Германија]] во 1990, покраината била создадена од историските држави [[Мекленбург]] и [[Западна Померанија]]. Обете држави имале долга и богата историја.
[[Мекленбург]], на запад од Западна Померанија, постанал војводство во [[1348]], но бил поделен од [[17 век|XVII-от век]] до [[1934]]. Државите [[Мекленбург-Шверин]] и [[Мекленбург-Стрелиц]] постанале војводства во [[1815]], но била воспоставена републиканска влада во [[1918]]. Тие биле кратко споени со Западна Померанија во [[1947]]–[[1952]] година и се дел од денешната држава од [[Обединување на Германија|обединувањето на Германија]] во [[1990]]. Помеѓу [[1952]] и [[1990]], Мекленбург-Западна Померанија била разделена на три области (''Bezirke''): ''Oбласт Росток, Област Шверин'' и ''Област Нојбранденбург'', именувани по главните градови. Овие градови биле под раководство на централистичката влада на [[Демократска Република Германија|ДРГ]].
 
=== Праисторија ===
 
Човечкото населување во областа на денешните Мекленбург и Западна Померанија започнале по [[Ледено доба|леденото доба]], околу 10.000 години п.н.е.. Пред околу две илјади години, [[Германи]]те биле забележани во областа. Најголем дел од нив заминале во текот на [[Голема преселба на народите|големата преселба]], упатувајќи се кон [[Шпанија]], [[Италија]] и [[Франција]], оставајќи ја областа скоро празна. Во шестиот век, [[Полапски Словени|Полапскиот Словени]] ја населиле областа. Додека Мекленбург бил населен од [[Ободрити]], Западна Померанија била населена од [[Велети]] (подоцна Лиутицијанци) и [[Рујани]].
 
Долж брегот, [[Викинзи]]те и [[Словени]]те основала трговски пристаништа како [[Рерик]], [[Ралсвик]] и [[Менцлин]]. Во 12 век, Мекленбург и Западна Померанија биле освоени од [[Хајнрих Лав]]от и припоени кон [[Војводство Саксонија|Војводството Саксонија]], придружувајќи му се на [[Свето римско царство|Светото римско царство]] во 1180-тите. Цела Мекленбург-Западна Померанија била населена со [[Германци]] во текот на населување на Германците на исток, започнувајќи од 12 век.
 
=== Мекленбург ===
{{Главна|Мекленбург}}
 
Кон крајот на 12 век, Хајнрих Лав, војвода на Саксонците, ги освоил [[Ободрити]]те, потчинувајќи ја нивната династија и извршувајќи христијанизација врз нив. Со тек на времето, германски монаси, благородници, селани и трговци пристигнувале да се населат на овие територии. По 12 век, територијата била стабилна и скоро независна од нејзините соседи; една од неколкуте германски територии за која ова е точно. Мекленбург најпрвин станала [[војводство]] на Светото римско царство во 1348. Иако подоцна била делена и делена во рамките на истата династија, Мекленбург отсекогаш делел иста историја и идентитет. Државите [[Големо војводство Мекленбург-Шверин|Мекленбург-Шверин]] и [[Големо војводство Мекленбург-Штрелиц|Мекленбург-Штрелиц]] станале [[Големо војводство|големи војводства]] во 1815. По [[Втора светска војна|Втората светска војна]] и [[абдикација]]та на германскиот цар, монархијата била укината и била основана републиканска влада на Мекленбург.
 
=== Западна Померанија ===
{{Главна|Историја на Померанија}}
 
[[Западна Померанија]] или понекогаш Предна Померанија, е помалиот западен дел на поранешната [[Прусија|пруска]] [[Покраина Померанија (1815–1945)|Покраина Померанија]]; источниот дел станал дел од [[Полска]] по крајот на Втората светска војна.
 
Во [[Средниот век|Средниот век]], областите биле владеени од померанските војводи како дел од [[Војводство Померанија|Војводството Померанија]]. Померанија била под власт на [[Шведско царство|Шведска]] по [[Вестфалски мир|Вестфалскиот мир]] од 1648 до 1815 како [[Шведска Померанија]]. Потоа, Померанија станала покраина на Прусија во 1815. Останала пруска покраина до 1945.
 
=== Мекленбург-Западна Померанија ===
 
[[Податотека:Hanse sail 2010 rostock hafen.jpg|мини|[[Росток]] бил главно прекуморско пристаниште на [[Источна Германија]] и е еден од најважните [[Балтичко Море|балтички]] пристаниште денес. (Градското пристаниште Росток во текот на Регатата Ханза, една од најголемите морски регати во Европа]]
 
Во мај 1945, армиите на [[Советски сојуз|Советскиот сојуз]] и западните сојузниците се сретнале источно од [[Шверин]]. По [[Потсдамски договор|Потсдамскиот договор]], западните сојузници го предале [[Мекленбург]] на Советите. Мекленбург-Западна Померанија била основана на 9 јули 1945 по наредба на советската воена администрација во Германија, како ''Покраина Мекленбург и Западна Померанија''.<ref>Brunner, Detlev, ''Inventar der Befehle der Sowjetischen Militäradministration Mecklenburg (-Vorpommern) 1945-1949'' in ''Texte und Materialien zur Zeitgeschichte 12'', 2003, ISBN 3-598-11621-7</ref>
 
Во текот на војната, составот на населението на Мекленбург и Западна Померанија било менувано поради воените загуби и доселувањето на евакуираните (главно од метрополитенските области Берлин и Хамбург, кои биле предмет на воздушни напади). По војната, луѓето кои побегнале или биле избркани од поранешните источни територии на Германија источно од линијата Одра-Ниса, се населиле во Мекленбург-Западна Померанија (или некаде во Германија), зголемувајќи го населението за 40%. Пред војната, [[Мекленбург]] и [[Западна Померанија]] имале население од 1.278.700, од кои многумина загинале во војната, а други се преселиле на запад при продирот на Црвената армија. Во 1947 биле избројани 1.426.000 бегалци од поранешните источни делови на Германија. Најголем дел од нив се населиле во руралните области, но урбаното население исто така се зголемила, најмногу во [[Шверин]] од 65.000 (1939) на 99.518 (јануари 1947), во [[Визмар]] од 29.463 на 44.173 и во [[Грајфсвалд]] од 29.488 до 43.897.<ref>Beatrice Vierneisel, ''Fremde im Land: Aspekte zur kulturellen Integration von Umsiedlern in Mecklenburg und Vorpommern 1945 bis 1953'', 2006, p.12, ISBN 3-8309-1762-7, ISBN 978-3-8309-1762-5</ref>
 
На 5 јуни 1946, закон донесен од Советите овозможил создавање на привремена германска администрација (''Beratende Versammlung'', „советодавно собрание“) под советско надгледување на 29 јуни 1946. По изборите на 20 октомври 1946, ''[[Ландтаг]]от'' го заменил советодавното собрание и го донел Уставот на 16 јануари 1947 за [[Покраини на Германија|покраината]] Мекленбург-Западна Померанија. На 18 април 1947, името на покраината било скратено на Мекленбург (''Land Mecklenburg''). [[Источна Германија|Источногерманскиот]] режим се обидел да го минимизира фактот дека Германија имала значајни отстапки кон Полска по војната, вклучувајќи ја забраната да се користи некој од старите називи за поранешните територии. Мекленбург била уставотворна покраина на [[Источна Германија|Германската Демократска Република]] (ГДР) при нејзиното создавање во 1949. Во 1952, владата во [[Источен Берлин]] ги распуштила покраините и вовела окрузи (германски: ''[[Административна поделба на Источна Германија|Bezirke]]''). Како последица на тоа, Мекленбург и Западна Померанија биле заменети од три окрузи кои ја покривале скоро истата површина: [[Округ Росток]], [[Округ Шверин]] и [[Округ Нојбранденбург]]. Овие биле вообичаено познати како Северни окрузи (''Nordbezirke'') во склоп на високоцентрализираната влада на ГДР. Промените исто така ја избришале историската граница помеѓу Мекленбург и Померанија од картите. Источногерманската влада направила [[Бродоградилиште|бродоградилишта]] во старите [[Ханза|ханзеатските]] пристаниште (најголемите биле во [[Росток]] и [[Штралзунд]]) и исто така основала [[атомска централа]] во [[Лубмин]] близу [[Грајфсвалд]].
 
Пред повторното обединување на Германија во 1990, повоените источни покраини биле повторно создадени, вклучувајќи го повторното користење на историскиот назив Мекленбург-Западна Померанија. Од 1990, покраината преживеала драматични промени.
 
== Географија ==