Црн Дрим: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 14:
'''Црн Дрим''' — [[река]] во Македонија што истекува од [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] на 695 метри надморска височина, и ја напушта Македонија во близина на градот [[Дебар]] на 476 метри [[надморска височина]]. На македонска територија Црн Дрим е 56 километри долг. Но реката има вообичаен тек само нешто помалку од една половина од таа должина и тоа од Струга па се до селото [[Ташмаруништа]]. Напуштајќи го селото на север реката влегува во клисура и веднаш по неа формира езеро благодарение на брана висока 82 метри лоцирана 10 км на север на другата страна на езерото. Браната ја формира акумулацијата „[[ХЕЦ Глобочица|Глобочица]]“ создадена од водите на Црн Дрим.
[[Податотека:Springs St. Naum 4.JPG|лево|мини|240px|Изворот на Црн Дрим кај [[Свети Наум (манастир)|Св. Наум]]]]
Веднаш после хидроелектричната централа Глобочица, водите на Црн Дрим создаваат уште едно езеро со помош на брана висока 102 м во близина на градот Дебар. Ова езеро е најбогато со вода вештачко езеро во Македонија. Езерото акумулира 520 милиони кубни метри вода. Од езерото со помош на тунели водата се спроведува во хидроелектричната централа [[Шпиље]]. Во водите на Црн Дрим живеат најразлични видови на риби, како на пример [[Крап|крапот]], [[Клен|кленот]], [[Јагула|јагулата]], [[Мрена|мрената]], и други. Во овој момент водните капацитети на реката се искористени до максимум и таа претставува важен хидроенергетски потенцијал за Република Македонија. Двете хидроелектрични централи на Дрим произведуваат 580 [[киловат-час]]ови електрична енергија годишно.
 
Во северниот дел на [[Албанија]] во близина на градот [[Кукс]], Црн Дрим повторно заезерува заедно со реката [[Бел Дрим]]. По утоката на Бел Дрим во Црн Дрим, реката тече се до вливот во [[Јадранско Море|Јадранското Море]] под едно име — [[Дрим]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Црн_Дрим