Разлика помеѓу преработките на „Гепард“

Додадени 6.378 бајти ,  пред 6 години
с
Отстрането уредувањето на 31.11.94.142 (разговор), вратено на последната верзија на EmausBot
с (Отстрането уредувањето на 31.11.94.142 (разговор), вратено на последната верзија на EmausBot)
| color = pink
| name = Гепард
| image = Cheetah4Cheetah Feb09 02.jpg
| image_width = 250px
| regnum = [[Животни]]
}}
 
Гепардот е претставник на големите [[мачки]] која го населува поголемиот дел од [[Африка]] и делови од [[Блискиот Исток]]. Тој е единствениот преживеан член на родот [[Acinonyx]]. Гепардот може да трча побрзо од било кое друго копнено [[животно]] – достигнува брзина од 112 до 120 км/ч во мали замави до 500 метри, и има способност да достигне брзина од 0 до преку 100 км/ч во пет секунди.
Ова прекрасно животно е препознатливо по двете црни пруги на лицето, од очите до усните. За разлика од другите мачки, гепардот (Acinonyx jubatus) не може целосно да ги вовлече канџите. Тие му овозможуваат постојано да има добар контакт со почвата и молскавично да јурне, или пак ненадејно да сврти во полн трк.Исто така канџите му служат и за качување по дрва. Долгата опашка му помага полесно да одржува рамнотежа додека трча.гепардот може да достигне и 120 km на час.Гепардот е најбрзата голема мачка на светот.
 
Гепардот е, исто така, единствена мачка што лови преку ден. Згора на тоа, бидејќи лови на отворени простори, релативна лесно може да се набљудува, што претставува вистинско задоволство за туристите кои одат на [[сафари]]. Женката ги раѓа младенчињата во дувло. За нив се грижат двајцата родители, а дувлото го напуштаат
==Опис==
кога ќе наполнат една и пол година, сепак браќата и сестрите остануваат заедно сѐ додека не станат добри ловци. Гепардот лесно се припитомува, во времето на египетските фараони ги користеле за лов.
[[File:Cheetahskull.png|thumb|left|Череп]]
[[File:Cheetah paws.jpg|thumb|Шепи]]
Градите на гепардот се длабоки и неговата половина е тесна. Грубото, кратко [[крзно]] на гепардот е жолтеникаво-кафеаво со темни точки кои имаат дијаметар од 2 до 3 цм, кои му нудат [[камуфлажа]] додека лови. Нема точки на неговиот бел стомак, но опашката има точки кои се спојуваат и на крајот од опашката има 4 до 6 темни кругови. Опашката обично завршува со бушаво бело топче. Очите на гепардот се поставени високо на неговата мала [[глава]]. Црните линии од аглите на неговите очи до неговата уста ги спречуваат сончевите зраци да навлезат во неговите очи и му помагаат во ловот и видот на големи далечини. Неговото тенко и кревко тело го прави совршен за кратки замави со голема брзина, но не и за трчање на голема далечина.
 
Возрасниот гепард тежи од 21 до 72 кг. Неговата целовкупна должина (глава и тело) варира од 110 до 150 цм, додека опашката може да биде од 60 до 84 цм во должина. Гепардите се од 66 до 94 цм високи кај рамената. Машките имаат тенденција да бидат малку поголеми од женските и нивните глави се поголеми, но не постои голема варијација во големината на гепардите и тешко е да се определи полот само од изгледот. Во споредба со слично градениот [[леопард]], гепардот има помала должина на телото, но опашката му е подолга и е повисок и изгледа дека има поаеродинамична форма.
 
Некои гепарди имаат ретка [[мутација]] на крзното од поголеми, споени точки. Познати како “кралски гепарди”, некогаш се мислело дека се посебен подвид, но всушност се Африкански гепарди; нивното необично крзно е резултат на единствен рецесивен ген.
[[File:Panther & cheetah.png|thumb|left|200px|Споредбена илустрација на леопард(лево) и гепард(десно).]]
Шепите на гепардот имаат полу-вовлечливи [[канџи]], кои му нудат поголема контрола во неговите замави со голема брзина. Структурата на [[лигамент]]ите во неговите канџи е иста како и на гругите мачки; единствено му недостига обвивката од кожа и крзно која е присутна во други видови и затоа канџите му се секогаш видливи.
 
Прилагодувања кои му помагаат на гепаргот да трча со голема брзина вклучуваат големи ноздри кои му овозможуваат зголемено примање [[кислород]], и зголемено [[срце]] и [[бели дробови]] кои работат заедно на зголемувањето на циркулацијата на кислородот. За време на обичната потера, респираторната стапка се накачува од 60 до 150 вдишувања во минута. Додека трча, покрај тоа што има добра тракција како резилтат на неговите полу- вовлечливи канџи, гепардот ја користи неговата опашка како кормило – како на пример управувач при наглите завртувања, неопходни за да го надитри својот плен кој често прави такви завртувања за да избега.
 
За разлика од вистинските големи мачки од подфамилијата [[Pantherinae]], гепардот ја има способноста да преди додека вдишува, но не може да рика. Спротивно на тоа, големите мачки можат да рикаат, но не можат да предат, освен кога издишуваат. Некои сеуште го сметаат гепардот за најмала од големите мачки. Додека често е помешуван со леопардот, гепардот има карактеристични белези, како гореспоменатите црни линии од аглите на очите до устата, и точки кои не се “розети”. Гепардот исто така има послабо тело од леопардот.
[[File:Cheetahs on the Edge (Director's Cut).ogv|thumb|right|Документарно видео на кое се гледа движењето на гепардот.]]
Гепардот е чувствителна раса. Од сите големи мачки, тој има најмала способност на приспособување на нови средини. Отсекогаш било тешко да се одгледува во затворени простори, иако неодамна неколку зоолошки успеаја во ова. Една техника била да му се претстави [[куче]] како придружник и куче-чувар за да му се овозможи на гепардот да се чувствува помалку загрозено.
 
Еднаш ловен за неговото крзно, гепардот сега повеќе страда поради загубата на живеалиштето и пленот.
 
Порано, научниците сметале дека гепардот е особено примитивен помеѓу мачките и дека се развил пред приближно 18 милиони години. Меѓутоа, новите истражувања покажуваат дека последниот заеднички предок на сите 40 постоечки видови големи мачки живеел пред помалку од 11 милиони години. Истите истражувања укажуваат на тоа дека гепардот, додека е морфолошки високо изведен, не е од особено стара лоза, имајќи се раздвоено од своите најблиски живи роднини пред околу 5 милиони години.
 
 
[[Категорија:Мачки]]
{{Link FA|de}}
{{Link FA|hu}}
 
[[fa:یوزپلنگ]]