Плата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 2:
 
== Платите во Македонија ==
=== Концептот на бруто-плата ===
Почнувајќи од [[1 јануари]] [[2009]] година во [[Македонија]] била воведена пресметка на платите според принципот на бруто-плата. Концептот на бруто-плата опфаќал повеќе суштински промени, како:
* пресметката и исплатата на платите се врши во бруто-износ, кој ја вклучува чистата плата што ја добива работникот (нето-плата) заедно со сите јавни давачки ([[данок|даноци]] и придонеси),
Ред 9 ⟶ 10:
* интегрирана наплата на придонесите за социјално осигурување и на [[персоналeн данок на доход|персоналниот данок на доход]] од страна [[Управа за јавни приходи|Управата за јавни приходи]].<ref>Димитар Николоски, "Филипсовата крива во Република Македонија како инструмент за креирање политики", ''Економија и бизнис'', год. 16, бр. 179, мај 2013, стр. 47.</ref>
 
Со воведувањето на концептот на бруто-плата, работодавачите оствариле голема придобивка, затоа што платата на работникот е искажана како единствен трошок, а освен тоа, било намалено даночното оптоварување на платите, со што се намалиле [[трошоци]]те во работењето на претпријатијата. Исто така, новиот концепт значел и поедноставна административна постапка за пресметка на платите, што исто така било поволно за работодавачите. Овој концепт создал и одреднеиодредeни придобивки за работниците, бидејќи се стеснил просторот за манипулација од страна на работодавачите за избегнување на обврската за плаќање на социјалните придонеси. Имено, со концептот на бруто-плата, директен обврзник за плаќање на придонесите е работникот, но пресметката и уплатата на придонесите ја врши работодавачот. Оттука, концептот на бруто-плата оневозможува да се плати само еден придонес, а да се избегне некој друг придонес или да се плати само персоналниот данок, а да се избегнат придонесите.<ref>Димитар Николоски, "Филипсовата крива во Република Македонија како инструмент за креирање политики", ''Економија и бизнис'', год. 16, бр. 179, мај 2013, стр. 48.</ref>
 
=== Големина на платите во Македонија ===
Според податоците од [[Државeн завод за статистика|Државниот завод за статистика]], во април [[2013]] година, просечната бруто-плата во [[Македонија]] изнесувала 30 799 [[денар]]и, додека просечната нето-плата бил 20 983 денари. Пресметано во [[евро|евра]], просечната бруто-плата во Македонија изнесувала околу 500 евра, додека нето-платата била 340 евра. Притоа, јавните давачки ([[данок|даноците]] и [[социјални придонеси|придонесите]]) учествувале со 32% во бруто-платата. Вотој поглед, споредбата со поранешните републики на [[СФРЈ]] покажува дека само [[Словенија]] и [[Црна Гора]] имале повисоко оптоварување на платите со јавни давачки.
Споредбата со останатите држави на подрачјето на поранешната [[СФРЈ]] покажува дека платите во Македонија биле најниски, т.е. платите во [[Србија]] биле повисоки за 15%, платите во [[Босна и Херцеговина]] и во [[Црна Гора]] биле повисоки за 40% и 41%, соодветно, платите во [[Хрватска]] ги надминувале македонските плати за 119%, а највисоки биле платите во [[Словенија]], кои биле повисоки за 193% во однос на македонските. <ref>Павле Гацов, "Платите како летна тема", ''Економија и бизнис'', год. 16, бр. 180, јули 2013, стр. 43.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Плата