Методија Андонов-Ченто: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 13:
 
== Рани години ==
[[Податотека:Metodija Andonov-Čento with his parents.jpg|мини|лево|200п|Ченто со татко му Андон и мајка му Захарија во [[Прилеп]], 1919 година]]
Роден е на 17 август 1902 година во [[Прилеп]] во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село [[Лениште|Леништа]], и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село [[Плетвар]]. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња{{факт}}. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во [[1926]] година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На [[25 март]] [[1930]] година, во [[Нови Сад]], склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на [[5 мај]] тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, [[Илија Андонов - Ченто]], во 1990-те има напишано биографија за својот татко.
 
Ред 24:
 
== Антифашизам ==
[[Податотека:Metodija Andonov-Čento with his family.jpg|мини|десно|Ченто со сопругата Василка, синовите Илија, Андон и Владимир и ќерката Марија, во [[Прилеп]] на 29 септември 1943 година, еден ден пред излегување во партизани]]
Уште на почетокот на бугарската окупација, на [[26 април]], Ченто добива покана да соработува со [[Бугарија|бугарските]] окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во [[Прилеп]] станува свртилиште на [[Комунизам|комунистите]] од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото [[Мелница]], близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „[[Чучулигово]]“, [[Петрич|Петричко]] ([[Пиринска Македонија]]).