Избришана содржина Додадена содржина
Целосно избришана страница
Ред 1:
== Перцепции (Забележување) ==
 
== '''ПЕРЦЕПЦИИ (ЗАБЕЛЕЖУВАЊА)''' ==
 
===Поим за перцепции===
 
Перцепциите не запознаваат со предметите во целина. Тие настануваат врз база на осетите, но не се нивен прост збир, туку осетите ментално се преработуваат во централниот нервен систем и заедно со искуството на човекот го овозможуваат непосредното спознавање (забележување на предметот во целина).
Процесот на перцепирање се одликува со три основни својства:
Перцептивна селекција - тоа значи дека на сетилата на човекот во еден момент дејствуваат милиони дразби. Човекот одбира на кои дразби ке го насочи своето внимание. Одбирањето најчесто го прави според своите карактеристики, импресии, силината на дразбите и друго.
Целосност на перцепцијата - значи дека предметите и појавите се состојат од повеќе елементи, но во перцепцијата тие образуваат единствена целина.
Константност на перцепцијата - е важен услов за опстанокот на човекот во средината.
==='''Поделба на перцепциите:'''===
#'''НАДВОРЕШНИ''' - кои ја опфаќаат самата физичка организација на дразбите според блискост, сличност, симетричност, континуираност и други особини.
#:
#'''ВНАТРЕШНИ''' - овие фактори имаат големо значење во процесот на перцепирањето:
:::*'''Физиолошката состојба''' на организмот има голема улога во селекцијата на дразбите и процесот на перцепирање. Повеќе болести влијаат на сензомоторните способности, намалувајќи го или искривувајќи го перцепирањето.На пр. гладниот човек перцепира храна,жедниот во пустина перцепира вода.
 
:::*'''Функцијата на сетилните органи''' - Познато е дека кај старите луѓе се намалува способноста на сетилата, на пример за вид, слух, мирис. Промената на работата на сетилните органи се среќаваи кај различни болни состојби кај човекот.
 
:::*'''Искуство''' - предметите и појавите кои веќе биле во нашето поранешно искуство ги перцепираме побрзо и подобро од оние со кои за прв пат се среќаваме.
 
:::*'''Очекувања''' - влијаат на изборот на дразбите и нивната организација во целина и се тесно поврзани со потребите на човекот.
 
:::*'''Внимание''' - колку повеќе внимание насочуваме кон некоја појава толку е подобра перцепцијата.
 
:::*'''Емоции''' - интензивните негативни емоции (страв, гнев) доведуваат до деформирано перцепирање, а пријатните емоции со умерен интензитет се поголем услов на поточно перцепирање.
 
:::*'''Влијание на социјалните услови:''' овој фактор најдобро се прикажува со примерот на психолозите Брунер и Гудман. На процесот на перцепирање влијаат и културата, навиките и обичаите.
 
 
 
==='''РАСТРОЈСТВА НА ПЕРЦЕПЦИИТЕ'''===
 
==== АГНОЗИИ ====
Се растројства на перцепциите каде што постои невозможност од препознавање на примените осетни дразби, при што се зачувани периферните, сензорни и аферентните и еферентните нервни патишта. Постојат визуелни (оптички), слушни (акустички) и допирни (тактилни) агнозии, кои се јавуваат при органски оштетувања на мозокот.Оштетувањето на одредени области на мозочната кора можат да доведат до проблеми во перцепцијата,посебно на визуелната перцепција ако оштетувањето е во тиланта (окципитанлна) регија.Луѓето со вакви оштетувања имаат т.н. визуална (видна) агнозија:тие гледаат (нивното сетило за вид т.е патот за гледање е нарушен),но не разбираат ниту што гледаат.Тие не се во можност да ги препознаат секојдневните предмети само со гледање туку за да погодат кои се тие предмети мораат да ги допрат.Оштетување на делови од париетланиот кортекс,посевно на задните подрачја,доведува до пореметување на просторната перцепција.Такво оштетување е еднострано визуоспацијано (видно и просторно) занемарување -пациентот занемарува половина од светот кој го опкружува.Имајќи предвид дека оштетувањето најчесто се лоцира во десниот заден париетален кортекс,пациентот ја занемарува реалноста од неговата лева страна.Така пациентие се судруваат со предмети кои се наоѓаат на нивната лева страна,ја шминкаат само десната страна на лицето,ја цртаат десната страна на цртежот и ја јадат храната на десната страна што се наоѓа во чинијата.
 
==== ИЛУЗИИ ====
Се растројства на перцепциите што придонесуваат за погрешно препознавање на перцепираните предмети и појави. Значи, тие се искривени и погрешни перцепции на надворешни објекти. Илузиите кои се најчесто резултат на навики, однесувања, сугестии или несвесни мотивации, често се нарекуваат активни илузии. Пасивните илузии се резултат на несовршеностите во функцијата на одредени осетни органи. Уште се нарекуваат и неопходни, природни затоа што овозможуваат функционирање на човекот во одредени ситуации. Кај илузиите на Милер и Лејер, линиите распоредени како зраци предизвикуваат сегментот АБ да изгледа подолг од сегментот ЦД иако двата сегмента се со иста должина. Во илузијата Понзо (Ponso)горната хоризонтална линија изгледа подолга од долната иако се со иста должина. Ејмсовата соба е конструирана , така да изгледа дека двете жени се на исто растојание од камерата, но жената која се наоѓа лево е подалеку од камерата. Како посебен вид искривено перцепирање се таканаречените параидолии, кои претставуваат илузии што настануваат под дејство на фантазматични идеи и кои се во вид на фантастични сликисо прилична јасност (човечки фигури, кога се перцепира небото, морскиот песок и слично.
 
==== ХАЛУЦИНАЦИИ ====
Се такви растројства на перцепциите каде што постои перцепција без дразба. Тие се лажни перцепции од страна на сите 5 сетила. При халуцинациите не постои надворешен стимулус, па така личностa ,,гледа" куќа која во реалноста не постои. Халуцинациите можат да бидат предизвикани и од земање на одредени дроги. Кај лажните халуцинации (псевдохалуцинации), субјектот е критичен за нивната реалност, меѓутоа и покрај тоа тој ги доживува. Халуцинациите се јавуваат во сферата на сите осети, па оттаму можат да се поделат на: оптички, акустички, тактилни, мирисни, ценестетички, густативни и вестибуларни халуцинации.
[[Податотека:halucinacii.jpg|mini]]