Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
Се растројства на перцепциите каде што постои невозможност од препознавање на примените осетни дразби, при што се зачувани периферните, сензорни и аферентните и еферентните нервни патишта. Постојат визуелни (оптички), слушни (акустички) и допирни (тактилни) агнозии, кои се јавуваат при органски оштетувања на мозокот.
#:
#:
 
#'''ИЛУЗИИ'''
Се растројства на перцепциите што придонесуваат за погрешно препознавање на перцепираните предмети и појави. Значи, тие се искривени и погрешни перцепции на надворешни објекти. Илузиите кои се најчесто резултат на навики, однесувања, сугестии или несвесни мотивации, често се нарекуваат активни илузии. Пасивните илузии се резултат на несовршеностите во функцијата на одредени осетни органи. Уште се нарекуваат и неопходни, природни затоа што овозможуваат функционирање на човекот во одредени ситуации. Кај илузиите на Милер и Лејер, линиите распоредени како зраци предизвикуваат сегментот АБ да изгледа подолг од сегментот ЦД иако двата сегмента се со иста должина. Во илузијата Понзо (Ponso)горната хоризонтална линија изгледа подолга од долната иако се со иста должина. Ејмсовата соба е конструирана , така да изгледа дека двете жени се на исто растојание од камерата, но жената која се наоѓа лево е подалеку од камерата. Како посебен вид искривено перцепирање се таканаречените параидолии, кои претставуваат илузии што настануваат под дејство на фантазматични идеи и кои се во вид на фантастични сликисо прилична јасност (човечки фигури, кога се перцепира небото, морскиот песок и слично.
#:
 
#:
 
#'''ХАЛУЦИНАЦИИ'''
Се такви растројства на перцепциите каде што постои перцепција без дразба. Тие се лажни перцепции од страна на сите 5 сетила. При халуцинациите не постои надворешен стимулус, па така личностa ,,гледа" куќа која во реалноста не постои. Халуцинациите можат да бидат предизвикани и од земање на одредени дроги. Кај лажните халуцинации (псевдохалуцинации), субјектот е критичен за нивната реалност, меѓутоа и покрај тоа тој ги доживува. Халуцинациите се јавуваат во сферата на сите осети, па оттаму можат да се поделат на: оптички, акустички, тактилни, мирисни, ценестетички, густативни и вестибуларни халуцинации.