Разлика помеѓу преработките на „Инвестициска банка“

с (Bot: Migrating 29 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q319845 (translate me))
(→‎Настанок и развој: дополнување)
 
Всушност, големите банки се занимаваат со инвестициско банкарство посредно, преку своите подружници, при што многу често, банките едноставно ги купуваат постојните, добро познати инвестициски банки и [[брокер]]ски куќи. Така, од попознатите случаи треба да се истакнат следниве: купувањето на лондонската инвестициска банка „[[Морган Гренфел]]“ ([[Morgan Grenfell]]) од страна на „[[Дојче банк]]“ ([[Deutsche Bank]]) во [[1986]] година; истo така, во јуни [[1999]] година, „Дојче банк“ ја презела големата американската инвестициска банка „[[Бенкерс траст]]“ ([[Bankers Trust]]); во [[1998]] година, „[[Ситикорп]]“ ја купила познатата инвестициска банка „[[Саломон Смит Барни]]“ ([[Salomon Smith Barney]]); во [[1995]] година, „[[УБС]]“ ја купила [[Лондон|лондонската]] инвестициска банка „[[С. Г. Варбург]]“ ([[S.G.Warburg]]), а во [[2000]] година и американската брокерска куќа „[[Пејн Вебер]]“ ([[Paine Webber]]); „[[Бенк оф Америка]]“ во [[2008]] година ја купила најголемата американска инвестициска банка „[[Мерил Линч]]“ итн.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание). Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 352-353.</ref>
 
 
== Видови инвестициони банки ==
Во основа, постојат два вида инвестициони банки:
# Инвестициони банки кои нудат комплетни услуги (''Full-service investment banks''). Овие банки ги извршуваат сите активности од областа на инвестиционото банкарство, како што се: потпишување на новите изданија на хартии од вредност, тргување со хартии од вредност, активности во врска со спојување и преземање на компании, арбитража, инвестиционен менаџмент итн.
# Специјализирани инвестициони бани. Овие банки ја насочуваат својата работа само на одредени сегменти од инвестиционото банкарство. Така, некои од нив се занимаваат само со потпишување на нови изданија на хартии од вредност, некои се спцеијализирани само за активностите во врска со спојувањата и преземањата итн.<ref>K. Thomas Liaw, The business of investment banking - A comprehensive overview (second edition), John Wiley and Sons, 2006, стр, 12.</ref>
 
== Основни функции на инвестициските банки ==