Треска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 42:
}}
[[Податотека:Treska, přehrada na řece, stezka ve skále.jpg|мини|десно|250п|Трска како езеро во кањонот Матка]]
[[Податотека:Kozyak-ot-foynik.jpg|мини|десно|250п|Езерото [[Козјак]] на Треска]]
'''Треска''' — [[река]] во [[Македонија]], десна [[притока]] на[[Вардар]]. Нејзината вкупна должина изнесува 132 км, а [[слив]]ното подрачје зафаќа 2.350 км². Друго име на оваа река е ''Голема Река'', ''Велика Река'' или само ''Велика''.
 
Изворите на Треска се [[Еловечка Река]], на источната страна на планината [[Стогово]] и [[Беличка Река]] од северните падини на [[Илинска Планина]]. Текот на Треска започнува кај селото [[Другово]], Кичевско, кајшто се составуваат овие два крака. По својот тек низ кичевскиот крај реката се нарекува Голема Река, а низ [[Поречие]]то — Велика Река. Треска се нарекува од селото [[Здуње]] кон [[Скопје]]. По течението од Здуње до [[Скопска Котлина|Скопската Котлина]], во должина од 28 км, Треска тече низ стрмен [[кањон]] во кој се наоѓа вештачкото езеро [[Козјак]], формирано со браната изградена во 2005. година. На самиот влез во Скопската Котлина, се наоѓа и вештачкото езеро [[Матка]] создадено со браната подигната во [[1937]] г. година. Треска се влева во Вардар во Ѓорче Петров крај Скопје.
Ред 52 ⟶ 53:
Сливот на река Треска започнува на надморска височина од 2.000 м. на [[Стогово]] и [[Бистра (планина)|Бистра]]. Реката надолу тече низ тесна или поширока долина, се до планината [[Караџица]], каде минува низ клисура која добива кањонски карактер. Од десната страна на р. Треска, пред влезот на тесната клисура се појавува клисурата на р. Оча. Пред влезот на р. Треска во Скопската Котлина се наоѓа клисурата Матка. Овие клисури и падини се составени од карбонатни карпи, безводни или со повремени водени токови. Клисурите се длабоки долови, заклонети од секакви воздушни струења, поради што се многу топли и со висока воздушна влага. Клисурите и лепезите на нивните сливови не само што се извонредни геоморфолошки феномени, туку претставуваат и престојувалиште на специфични видови растенија. Тие бараат повеќе светлина, вода во почвата или воздушна [[влага]]. Затоа се слабо конкуретно - селективни, па опстануваат само таму, каде што не може да им конкурира рецентната вегетација. Таа вегетација и флора е реликт од некој [[геолошки период]], а опстанале во засолништа како рефугиуми.
 
Рефигуимот Матка се наоѓа во зона на термофилна вегетација и го завзема просторот пред излезот на р. Треска во Скопската Котлина на височина од 300-600&nbsp;м. Теренот е многу стрмен, со издигнати вертикални карбонатни карпи, често и до 200&nbsp;м во висина. Тој се протега од двете страни на реката, од десната страна е во клисурата под манастирот Св. Никола, а од левата на манастирот Св. Андреја.<ref>[http://www.soros.org.mk/konkurs/077/matka__regioni.htm Сорос: Екологија на Македонија, проекти]</ref>
 
== Квалитет на водата ==
 
Квалитетот на водата на Треска на самиот извор не е битно променет десетина години наназад, и ги има сите карактеристики на вода од I класа и повремено од II класа. Бараниот квалитет на вода, согласно законските прописи, во целост е задоволен. <ref>[http://www.envir.ee/programmid/pharecd/soes/fyrom/soer/vodi3_m.htm Квалитет на водите во РМ]</ref>
 
== Притоки ==
Треска има поголем број на притоки. Поважни се:<ref name="Димитровска">{{наведено списание|last=Димитровска|first=Олгица|date=2012|title=Основни хидрографски карактеристики на притоките на реката треска|journal=Географски разгледи|publisher=Институт за географија|location=Скопје|issue=46|pages=37-49|issn=1409-908X|url=http://www.igeografija.mk/MGD/Razgledi-46-2012/03-Dimitrovska_Pritoki%20Treska.pdf|accessdate=8 ноември 2013}}</ref>
 
;Леви
* [[Студенчица]]
* [[Зајаска Река]] ([[Кичевска Река]])
* [[Рабетинска Река]]
* [[Девичка Река]]
* [[Слатинска Река]]
* [[Тополнечка Река]]
* [[Мала Река (притока на Треска)|Мала Река]]
* [[Сува Река]]
 
;Десни
* [[Сланска Река]]
* [[Крапа (река)|Крапа]] ([[понорница]])
* [[Модришка Река]]
* [[Црешњевска Река]]
* [[Белешница]]
* [[Оча]]
* [[Пеколник]]
 
== Галерија ==
<gallery>
Податотека:Kozyak-ot-foynik.jpg|Езерото [[Козјак]] на Треска
Податотека:Sv.Andreja-Matka-od-Markovi-Porti.jpg|Езерото [[Матка (езеро)|Матка]] со манастирот [[Манастир „Св. Андреја“ - Матка|Св. Андреја]]
Податотека:Treska River 01.jpg|Делот на Треска кајшто се практикува [[кајакарство]]
Ред 72 ⟶ 94:
{{рв|Treska}}
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.jasen.com.mk/Default.aspx?id=3bd0a98c-1e2f-484e-a3ed-93ffe6a51243 За планинари: Крајречен предел на Треска] — опширен текст за пределите во поречието на Треска на страницата на резерватот „[[Јасен (езерват)|Јасен]]“
* [http://www.mzsv.gov.mk/ro/treska.pdf Риболовна основа на сливот на реката Треска за периодот од 2011 до 2016 г.] — [Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија]
 
{{coord|42|00|N|21|21|E|display=title|region:MK_type:river_source:GNS-enwiki}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Треска