Треска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 52:
Сливот на река Треска започнува на надморска височина од 2.000 м. на [[Стогово]] и [[Бистра (планина)|Бистра]]. Реката надолу тече низ тесна или поширока долина, се до планината [[Караџица]], каде минува низ клисура која добива кањонски карактер. Од десната страна на р. Треска, пред влезот на тесната клисура се појавува клисурата на р. Оча. Пред влезот на р. Треска во Скопската Котлина се наоѓа клисурата Матка. Овие клисури и падини се составени од карбонатни карпи, безводни или со повремени водени токови. Клисурите се длабоки долови, заклонети од секакви воздушни струења, поради што се многу топли и со висока воздушна влага. Клисурите и лепезите на нивните сливови не само што се извонредни геоморфолошки феномени, туку претставуваат и престојувалиште на специфични видови растенија. Тие бараат повеќе светлина, вода во почвата или воздушна [[влага]]. Затоа се слабо конкуретно - селективни, па опстануваат само таму, каде што не може да им конкурира рецентната вегетација. Таа вегетација и флора е реликт од некој [[геолошки период]], а опстанале во засолништа како рефугиуми.
 
Рефигуимот Матка се наоѓа во зона на термофилна вегетација и го завзема просторот пред излезот на р. Треска во Скопската Котлина на височина од 300-600&nbsp;м. Теренот е многу стрмен, со издигнати вертикални [[карбон]]тникарбонатни карпи, често и до 200&nbsp;м во висина. Тој се протега од двете страни на реката, од десната страна е во клисурата под манастирот Св. Никола, а од левата на манастирот Св. Андреја.<ref>[http://www.soros.org.mk/konkurs/077/matka__regioni.htm Сорос: Екологија на Македонија, проекти]</ref>
 
== Квалитет на водата ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Треска