Потсдам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 49:
 
Потсдам е поделен на седум историски градски окрузи и девет нови единици (''Ortsteile''), кои му се приклучиле на градот во 2003. Изгледот на градските окрузи се прилично различни. Историските градби главно се наоѓаат во окрузите во северниот дел и во центарот, додека новите градби главно се изградени во јужниот дел на градот.
 
== Историја ==
 
[[Податотека:Schenkungsurkunde Potsdam 993.jpg|мини|лево|Документ од [[Свето римско царство|Светото римско царство]] од 993 во кој се споменува ''Позтупими'']]
[[Податотека:German 10 Mark 1993 Potsdam Silver Coin.jpg|лево|мини|Германска свечена монета од 10 марки од 1993 по повод „1000 години Потсдам“]]
[[Податотека:Sanssouci - Nowy Pałac 01.jpg|мини|десно|[[Нов дворец (Потсдам)|Нов дворец]]]]
[[Податотека:Stadtschloss Potsdam Gemälde.jpg|мини|десно|Градскиот замок во Потсдам во 1773]]
 
Областа околу Потсдам била населена уште од [[бронзено доба]] и била дела од ''Магна Германија'' опишано од [[Тацит]]. По преселувањата, [[Словени]]те се доселиле и Потсдам бил веројатно основан по 7 век како населба на Хавелјаните. Прв пат бил споменат во документ од 993 како ''Позтупими'', кога царот [[Отон III]] ја доделил територијата на Опатијата Кведлинбург, тогаш водена од неговата тетка Матилда.<ref name=kopish/> До 1317 бил споменуван како мал град. Здобил градски права во 1345. Во 1573 сè уште бил мал град со околу 2.000 жители. Потсдам го загубил скоро половина од населението во [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]] (1618–1648).
 
Постојан посед на Хоенцолерн од 1415, Потсдам станал познат, кога во 1660 бил избран како ловечка резиденција на Фридрих Вилхелм I, изборен кнез на [[Бранденбург-Прусија]], јадро на тогашната држава која подоцна станала како [[Кралство Прусија]]. Исто така во градот се наоѓале касарни на [[Прусија]].
 
[[Податотека:Voltaire-Baquoy.gif|мини|десно|[[Волтер]] во резиденцијата на Фридрих II во Потсдам. Делумен поглед на графика од Пјер Шарл Бако.]]
 
По [[Потсдамски едикт|Потсдамскиот едикт]] во 1685, Потсдам станал средиште на европската имиграција. Неговата верска слобода ги привлекла луѓето од [[Франција]] ([[Хугеноти]]), [[Русија]], [[Холандија]] и [[Бохемија]]. Едиктот го забрзал порастот на населението и економската обнова.
 
Подоцна, градот станал резиденција на кралското семејство на [[Прусија]]. Величествените градби на кралските резиденции биле главно изградени во текот на владеењето на Фридрих Велики. Една од тие е [[Сансуси]] (француски: „без грижи“, од [[Георг Венцеслаус фон Кнобелсдорф]], 1744), позната по нејзините формални градини и внатрешноста во [[рококо]]. Други кралски резиденции се [[Нов дворец (Потсдам)|Новиот дворец]] и [[Оранжериски дворец|Оранжерискиот дворец]].
 
Во 1815 при создавањето на покраината Бранденбург, Потсдам станал покраински главен град до 1918, меѓутоа помеѓу 1827 и 1843 и по 1918 бил надминат и наследен од Берлин како покраински главен град. Покраината се состоела од две околии именувани по нивните главни градови Потсдам и [[Франкфурт на Одра]].
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Потсдам