Варовник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 26:
Некои видови варовници воопшто не се состојат од зрнца, туку настануваат исклучиво со хемиско [[таложење]] на [[калцит]] или [[арагонит]]. Вторичниот калцит може да се наслои со [[презаситување|презаситени]] [[подземни води]] што таложат материјал во пештерите. Со ова се создаваат пештерски образби како [[сталактит]]и и [[сталагмит]]и. Калцитот може да биде и во облик на оолитски варовник, што се распознава по округлите зрнца.
 
Главен извор на калцит кај варовникот се [[море|морски]] организми. Некои од нив создаваат карпести гребени што ги надоградуваат со секое поколение. На длабочина под 3.000 метри, притисокот на водата и температурата предизвикуваат значајно поголемо растворање на калцитот, што значи дека варовникот не се создава на поголеми длабочини. Варовникот може да настане како со [[езеро|езерско]], така и со испарно наслојување.<ref>{{наведено списание |last=Trewin |first=N. H. |last2=Davidson |first2=R. G. |year=1999 |title=Lake-level changes, sedimentation and faunas in a Middle Devonian basin-margin fish bed |journal=Journal of the Geological Society |volume=156 |issue=3 |pages=535–548 |doi=10.1144/gsjgs.156.3.0535 }}</ref><ref>[http://www.glossary.oilfield.slb.com/Display.cfm?Term=evaporite Oilfield Glossary: Term 'evaporite']. Glossary.oilfield.slb.com. Retrieved on 2011-11-25.</ref>
 
Калцитот може да биде растворен или наталожен од подземната вода, во зависност од неколку чинители како температурата на водата [[киселост]]а и концентрацијата на растворени [[јон]]и. Необична одлика на калцитот е т.н, обратна растворливост — со зголемувањето на температурата, тој станува сè помалку растворлив.