Северна Европа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q27479 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 65:
 
== Релјеф ==
Според одликите на релјефот, Северна Европа е мошне разновидна. На една страна се издвојува територијата на Данска, на полуостровот Јиланд и поголем број острови кои се рамничарски, со надморска височина под 200м. На Скандинавскиот Полуостров од Атлантикот се издигаат Скандинавските планини, чии сртови се протегаат по должината на Полуостровот. Тие во Шведкса се спуштаат кон [[Балтичкото Море]], поточно кон [[Ботанскиот Залив]]. Релјефот во Финска е претежно рамничарски, испресечен со десетици илјади езера по кои се одвива голем сообраќај. Поради глацијацијата, Скандинавските Планини спрема Атлантикот се одликуваат со карактеристични глацијални форми познати како фјордови. Тие настанале кога крајврежните долини биле исполнети со глечери кои со својот притисо ги продлабочиле и прошириле долините, а потоа со топењето на глечерите ваквите долини останале исполнети со вода, така што денес во вид на издолжени заливи навлегуваат длабоко во копното. Тие се пристуни по целиот норвешки брег и служат како важни пловни патишта за просториите во внатрешноста на земјата. Притоа се формирани многубројни глацијални морени и глацијални езера.
За разлика од стабилното скандинавско копно, на Исланд е присутно немирно земјиште со чести земјотреси и вулкански активности кои во секој момент претставуваат закана за населението. Дел од вулканите се под глечери, така што со нивното активирање се врши нагло топење на мразот и се предизвикуваат поплави. На Исланд се присутни голем број гејзери со термоминерални води кои населението ги користи за разни потреби и за затоплување.
 
== Клима ==
Продирањето на топлата Голфска струја од југ покрај бреговите на Западна Европа и западните делови на Данска и на Норвешка е главната причина за благопријатна клима н западниот брег на Скандинавија. Поради тоа, и покрај големите географски широчини и најсеверните територии на полуостровот спрема Атлантикот не замрзнуваат. Сосема спротивни се климатските прилики во внатрешноста, поточно на териториите на Шведска, Финска и Ботнискиот Залив. На овие простори температурите се значително пониски, така што северните делови на Ботнискиот Залив се замрзнати и по неколку месеци. Соодветно на температурните услови се јавуваат разлики во количествата врнежи и кои во западните делови имаат поголеми количества, а во внатрешноста на полуостровот тие се помали. Наведените климатски услови во Норвешка овозможиле мошне поволни елементи за развој на енергетиката, на поморството, на рибарството и слично. Од друга страна, неколкумесечносто замрзнување на Ботонискиот и [[Фински Залив|Финскиот Залив]] влијаат ограничувачки во функционирањето на водниот сообраќај. Во целина, поради големите географски широчини, релјефните услови, климата и морската одвоеност од Полуостровот придонесле за нешто поретка населеност на Скандинавија.
 
== Население ==