Храм на небото: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с oтстранета Категорија:Дунгченг со помош на HotCat
Ред 22:
За време на [[Втора опиумска војна|Втората опиумска војна]], светилиштето паднало во рацете на англо-француската војска. Во 1900 г., за време на [[Боксерско востание|Боксерското востание]], сојузничките сили го зазеле светилиштето и една година го користел како штаб. Зградите и градините претрпеле потешки оштетувања, па дури биле и пљачкосувани. Со падот на династијата Чинг, храмот останал запуштен, и во наредниот период неколку сали се срушиле.<ref>[http://58.30.231.66:8008/cn/tabs/showdetail.aspx?tabid=710017&iid=1777 Парк на Храмот на небото: Историја] {{en}}</ref>
 
Во 1914 г. тогашниот претседател на [[Република Кина]], [[Јуен Шикај]] извршил царски молитвен обред како дел од неговите усилби да биде прогласен за цар. Во 1918 г. храмот и околината станал парк и за прв пат се отворил за јавноста.
 
Во 1998 г. светилиштето е прогласено за [[светско наследство]] на [[УНЕСКО]].<ref>[http://whc.unesco.org/en/list/881 Храм на небото: царски жртвеник во пекинг] — [[УНЕСКО]] {{en}}</ref> Денес паркот е мошне популарно место за рекреација.