Франсоа Рене де Шатобријан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
ситна поправка
Ред 18:
| subject = | influences = | influenced = | awards = | signature = | website = | portaldisp =
}}
 
'''
'''Франсоа Рене де Шатобријан''' (фр. François-René de Chateaubriand) ([[1768]]-[[1848]]) е француски [[политичар]], [[дипломат]], [[историчар]] и [[писател]] кој претставува предвесник на романтизмот во [[Франција]]. За неговото дело критичарите велат дека иако е во произволна форма, изобилува со многу [[поезија]], а жанровски се движи од [[лирски роман]], преку слабо изведени епопеи, до [[есеј]] и автобиографски белешки. Овој писател го интересираат три крупни теми: [[политика]]та, [[религија]]та и интензивното, роматичарско доживаување и соживување со природата, особено со новите, непознати светови. Се што напишал Шатобријан (а најважни му се подолгите прозни дела [[Атала]] и [[Рене]]) има силна автобиографска димензија. Како потомок на стара благородничка лоза, врзан за „стариот свет“ кој умира грчевито под налетите на новиот, капиталистички поредок, тој ќе се качи на брод за [[Америка]], во почитичко прогонство. Петмесечниот престој во [[Филаделфија]] и посетата на [[Нијагарини Водопади]] кај него ќе се разгори фантазијата по нови и непознати светови и предели (едно од темелните обележја на романтизмот, да се потсетиме, беше патувањето во егзотични и непознати места).<ref>Учебник по македонски јазик и литература за III година на реформираното гимназиско образование - стр.18</ref>
 
[[Атала]] ([[1800]]) говори за младата ќерка на една [[Индијка]] и еден [[Шпанец]], која умира поради судирот меѓу сопствената страсна индијска крв и должностите што ги наметнува [[христијанство]]то. [[Рене]] пак е сврзан автобиографски со средбата на писателот со Новиот свет ([[Америка]]), овде главниот лик бега од [[Европа]] во прашумите на Новиот свет, далеку од своието детство и од инцестуозната љубов кон сопствената сестра. Како што се гледа, и овде се открива една од идните омилени теми на рамантизмот, забранетата љубов. И [[Атала]] и [[Рене]] се исполнети со бројни страници во кои се слави единството со природата, и таа се велича каок извор на непознатото, тајното, мистичното. Таа емелем за напатената душа на поетот-скитник, но и извор на бројни сознанија.<ref>Учебник по македонски јазик и литература за III година на реформираното гимназиско образование - стр.18/19</ref>
 
Многумина сметаа дека со делата на Шатобријан конечно е родена француската [[романтичарска проза]]. Во нив доминира чувството на „светската тага“. По Шатобријан романтичарскиот лик е вечен патник без дом, аналитичар на душата, записничар на страстите на срцето, човек на природата и противник на општеството и неговата студена немилосрдност кон сите слободи што срцето ги посакува, а разумот ги забранува.<ref>Учебник по македонски јазик и литература за III година на реформираното гимназиско образование - стр.19</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Родени во 1768]]