Пари: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Glaisher (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 77.28.245.221 (разговор), вратено на последната верзија на ГП
Ред 12:
Интересен е случајот на [[Кина]]. Во еден период, таму како пари служеле вистински ножеви. Подоцна, почнале да се прават од ламарина "мали симболични ножеви", кои немале своја употребна вредност, туку само разменска.
 
Со текот на времето некои од средствата за размена, од голема употреба толку се истрошувале што повеќе не можеле да се употребуваат за целите за кои првобитно биле наменети. На пример, кога како средство за размена се употребувале парчиња платно, со време тие потполно се испарталувале поради што биле непогодни за употреба (како употребна вредност), меѓутоа, и натаму биле ценети како средство за размена. На [[Крит]], исто така, се ковале [[бакар]]ни листови во облик на говедска кожа, што очигледно значело дека еден таков лист вредел колку и една говедска кожа, која првобитно „ин натура“ (во природа) била средство за размена. Во подоцнежниот развој, наместо говеда се употребувале [[МетМетал|метали]] со втиснат лик на говедо. Тоа значи дека првобитниот предмет, во текот на развојот се сведувал на прост знак, [[симбол]], често без било каква материјална вредност, но со можност за нив да добие производи за потрошувачка.
 
На овој начин, средството за размена постанало самостојна категорија, губејќи постепено секаква врска со конкретниот производ од кој потекнало. Неговата вредност повеќе не се темелела врз [[материја]]та од која било изработено средството, ниту врз можноста за негова употреба како добро, туку врз уверувањето дека за него, во определен сооднос, ќе може да се стекне друг производ, односно, било која друга употребна вредност. Од примитивните облици на парите и нивниот развој, проф. Мајхснер<ref>Вјекослав Мајхнер, ''Основи науке о новцу'', Универзитет Скопје, Скопје 1958, стр.31.</ref> изведува заклучок, според кој, економските добра можат да имаат вредност само ако се производи на општествено корисен човечки труд.
 
== Металите како пари ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пари