Сликозафатник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
'''Сензорот''' или '''сетилник''' во [[оптика|оптичките уреди]] е направа која претвора оптичка слика во електричен сигнал. Наоѓа примена главно кај [[дигитален фотоапарат|дигиталните фотоапарати]] и други уреди за светлосен запис. Сензорот обично е [[уред со напојна врска]] (CCD) или [[активно-пикселски сензор]] во облик на [[комплементарен метал–оксид–полупроводник]] (CMOS).
 
== CCD наспроти CMOS ==
Денес највеќето дигитални фотоапарати користат или CCD или CMOS сензор. Обата типа на сензор ја вршат истата задача - доловување на светлината и нејзино претворање во електрични сигнали.
 
[[Уред со напојна врска|Уредот со напојна врска]] (CCD) е аналоген уред. Кога светлината ќе дојде до интегралното коло (чипот), таа станува мал електричен сигнал во секој фотосензор. Овие полнења се претвораат во напон, еден по еден пиксел (точка), како што се вчитуваат од интегралното коло. Други кола во фотоапаратот ја претвораат напонот во дигитални информации.
 
CMOS интегралното коло е вид на [[активно-пикселски сензор]] направен со помош полупроводничкиот процес на [[CMOS]]. До секој сензор има додатни кола кои ја претвораат светлосната енергија во напон. На интегралното коло може да има дополнителни кола за претворање на напонот во дигитални податоци.
 
Ниедна од овие технологии немаат јасна предност во квалитетот на сликата. CMOS сензорот може да се имплементира со помалку делови, да користи помалку струја и/или да дава побрзо вчитување отколку CCD сензорот. CCD од друга страна, е посозреана технологија и во скоро секој поглед е еднаква на CMOS технологијата.<ref name="test1">[http://www.dalsa.com/shared/content/Photonics_Spectra_CCDvsCMOS_Litwiller.pdf CCD наспроти CMOS] од Photonics Spectra 2001 </ref><ref name="test2">[http://www.dpreview.com/learn/?/Glossary/Camera_System/sensors_01.htm Сензори] од Винсент Бокарт</ref>
 
== Оценување ==