Разлика помеѓу преработките на „Бугарски јазик“

Додадени 14.672 бајти ,  пред 7 години
с
Отстрането уредувањето на 77.28.245.221 (разговор), вратено на последната верзија на M4r51n
с (Отстрането уредувањето на 77.28.245.221 (разговор), вратено на последната верзија на M4r51n)
{{Инфокутија етноним|Българин [Б’лгарин]|Българи [Б’лгари]|български [б’лгарски]|България [Б’лгарија]}}
'''Бугарскиот јазик''' спаѓа во источната група на [[Јужнословенски јазици|јужнословенските јазици]] и е официјалниот јазик во [[Република Бугарија]].

== Карактеристики ==

Бугарскиот јазик покажува неколку [[Лингвистика|лингвистички]] иновации кои го одделуваат од другите [[словенски јазици]] - елиминација на [[падеж]]ни форми, појава на [[постпозитивен член]], зачувување и понатамошно развивање на прасловенскиот [[Глаголица|глаголски]] систем и др. Овие карактеристики ги споделува со [[Македонски јазик|македонскиот јазик]].

Бугарскиот јазик е дел од [[Балкански лингвистички сојуз|балканскиот лингвистички сојуз]], кој го вклучува македонскиот, [[грчки јазик|грчкиот]], [[романски јазик|романскиот]] и [[албански јазик|албанскиот]] јазик, и некои источни [[српски дијалекти]].{{факт}} Повеќето од овие јазици ги споделуваат карактеристиките споменати погоре (постпозитивен [[Граматички член|член]], губење на падежот, сложениот глаголски систем) и многу други.

== Историја ==

Бугарскиот јазик има пет главни периоди:

* '''дописмен''' ([[прасловенски јазик|прасловенски]]) - меѓу [[словенска инвазија|словенската инвазија]] ([[6 век|6]] - [[7 век]]) на Балканот и мисијата на светците [[Кирил и Методиј]] во [[Велика Моравија]] кон крајот на [[9 век]].

* '''ран''' или '''староцрковнословенски период''', ([[9 век|9]] - [[11 век]]). Во бугарската лингвистика црковнословенскиот е познат уште и како '''старобугарски'''. Во македонската лингвистика, наспроти предлозите на неколку еминентни лингвисти, терминот ''старомакедонски'' не е усвоен, туку се употребува меѓународно прифатеното име црковнословенски или старословенски јазик.

:За почеток на [[црковнословенски јазик|црковнословенскиот јазик]] се смета создавањето на словенската азбука (глаголица) во 862 година од Константин-Кирил Философ (св. Кирил) и првиот превод на [[Библија]]та на јазикот на словенските племиња од околината на [[Солун]].
[[Податотека:Volker_und_Sprachenkarte_der_Balkan_-_Halbinsel_1924,_Leipzig.jpg|thumb|left|300px|Бугарскиот jазик на Балканскиот полуостров во 1924 со зелена боја, карта издадена во Германија. Бугарскиот јазик заедно со македонскиот и српскиот јазик на картата се прикажани во нијанси на зелена боја.]]
* '''среден период''' (12 – [[14 век]]). Во бугарската лингвистика познат како '''среднобугарски''', кога [[Преслав]]ската рецензија била издигната на ниво на службен јазик на територијата на [[Второ Бугарско царство|Второто Бугарско царство]].
:Во овој период во црковнословенскиот јазик на [[Првото Бугарско царство]] претрпел големи промени - елиминација на прасловенските падежни форми (но зачувување на глаголскиот систем) и појава на постпозитивен член (развитокот во другите словенски јазици бил обратен). Така бугарскиот јазик почнал да се издвојува од црковнословенската основа и развил неколку значајни рецензии како [[Преславска рецензија]] во [[Бугарија]].

* '''доцен период''' ([[14 век]]-[[19 век]]) Во бугарската лингвистика припаѓа на '''новобугарскиот''' јазичен период.

:Во овој период Бугарите, како и другите јужнословенски народи, потпаднале под [[Отоманска Империја|Отоманско ропство]] и црковнословенскиот јазик се задржал само како јазик за црковна употреба.

* '''ново бугарски''' - кон крајот на [[18 век]], но најголемите промени настанале во средината на [[19 век]]. За значаен датум се смета [[1863]] година кога за прв пат Библијата е во целост отпечатена на новиот бугарски јазик, заснован на североисточните говори од околината на [[Велико Трново|Трново]]. Новобугарскиот јазик позајмил голем дел зборови од рускиот и црковнословенскиот, а многу од турските зборови били отстранети.

Историскиот развој на бугарскиот јазик може да се опише како премин од високо синтетички јазик (црковнословенскиот) кон типично аналитички јазик (новобугарскиот), со средна точка во овој процес претставена преку среднобугарскиот.

== Азбука ==
[[Податотека:Andree64-1.jpg|thumb|right|300px|Бугарскиот jазик на Балканскиот полуостров во 1881 со зелена боjа, издадено од германец во Лајпциг, Германија]]
Во [[886]] година Бугарија ја примила глаголицата, којашто била создадена од византиските мисионери<ref>''Columbia Encyclopedia'', Sixth Edition. 2001-05, s.v. "Cyril and Methodius, Saints"</ref><ref>''Encyclopedia Britannica'', Encyclopedia Britannica Incorporated, Warren E. Preece - 1972, p.846, s.v., "Cyril and Methodius, Saints"</ref><ref>''Encyclopedia Britannica'', 2008, O.Ed., s.v., "Eastern Orthodoxy, Missions ancient and modern"</ref><ref>''Encyclopedia of World Cultures'', David H. Levinson, 1991, p.239, s.v., "Social Science"</ref><ref>Eric M. Meyers, ''The Oxford Encyclopedia of Archaeology in the Near East'', p.151, 1997</ref><ref>Lunt, ''Slavic Review'', June, 1964, p. 216</ref><ref>Roman Jakobson, ''Crucial problems of Cyrillo-Methodian Studies''</ref><ref>Leonid Ivan Strakhovsky, ''A Handbook of Slavic Studies'', p.98</ref><ref>V.Bogdanovich , ''History of the ancient Serbian literature'', Belgrade, 1980, p.119</ref> Свети Кирил и Методиј нешто по [[850]] година. Во идните векови глаголицата постепено била заменета со [[кирилица]]та, која била создадена во Преславската книжевна школа во почетокот на [[10 век]]. За нејзин создавач се смета [[Климент Охридски]].

Повеќето од буквите во кирилската азбука се земени од [[грчка азбука|грчката]]; оние гласови што немале грчки еквиваленти, се претставени со опростени глаголски букви. Под влијанието на печатени книги од [[Русија]], руското граѓанско писмо на [[Петар I (Русија)|Петар I]] го заменило старото црковнословенско (среднобугарско) писмо на крајот од [[18 век]]. Неколку кирилски азбуки со од 28 до 44 букви биле користени во почетокот и до средината на 19-тиот век за време на обидите за стандардизирање на новобугарскиот книжевен јазик. Азбуката со 32 букви предложена од [[Марин Дринов]] била прифатена во [[1878]] - 1879. Сегашната бугарска азбука има 30 букви:

{| align=center cellpadding=6 cellspacing=0 style="text-align:center;"

|'''А а'''||'''Б б'''
||'''В в'''
||'''Г г'''
||'''Д д'''
||'''Е е'''
||'''Ж ж'''
||'''З з'''
||'''И и'''
||'''Й й''' [Ј]

|'''К к'''
||'''Л л'''
||'''М м'''
||'''Н н'''
||'''О о'''
||'''П п'''
|||'''Р р'''
||'''С с'''
||'''Т т'''
||'''У у'''

|'''Ф ф'''
||'''Х х'''
||'''Ц ц'''
||'''Ч ч'''
||'''Ш ш'''
||'''Щ щ''' [Шт]
||'''Ъ ъ''' [ə]
||'''Ь ь'''[Ј]<
||'''Ю ю''' [Ју]
||'''Я я''' [Ја]

== Туѓи влијанија ==

=== Влијание од рускиот јазик ===

Во епохата на бугарската национална преродба (бугарски: ,,Възраждането") и создавањето на Третата Бугарска држава, бугарскиот јазик потпаѓа под силно руско влијание. Дел од руската [[лексика]] којашто навлегува во овој период има црковнословенски корени и е "вратена" во новиот бугарски литературен јазик како старобугарска и црковнословенска. Сепак, паралелно со неа навлегуваат и огромен број зборови со чисто руски корени.

== Некои бугарски изрази и нивните преводи на македонски јазик ==

* Здравей/Здрасти! - Здраво!
* Добро утро! - Добро утро!
* Добър ден! - Добар ден!
* Добър вечер! - Добра вечер!
* Лека нощ! — Добра ноќ!
* Довиждане! — Довидување!
* Чао! (неофицијално) - Чао!, Пријатно!
* Как си? - (неофицијално) — Како си?
* Как сте? - (официјално, и уште како множинска форма) - Како сте?
* Какво правиш? - (неофицијално) — Што правиш? Како си?
* Какво правите? - (официјално, или множинска форма) - Што правите? Како сте?
* Добре съм - Добар сум
* Всичко най-добро! - Сѐ најдобро!
* Поздрав! - Поздрав!
* Честит рожден ден! - Среќен роденден!
* Благодаря (официјално и неофицијално) - Благодарам
* Мерси (неофицијално) - Фала
* Моля - Молам
* Извинете! (официјално) - Извинете!
* Извинявай!/Извини! (неофицијално) - Извини.
* Колко е часът? - Колку е часот?
* Говорите ли ...? - Дали зборувате ...?
:...английски - англиски
:...български - бугарски
:...македонски - македонски
:...сръбски - српски
:...гръцки - грчки
:...френски - француски
:...немски - германски
:...италиански - италијански
:...испански - шпански
* Да - Да
* Не - Не
* Може би - Можеби
* Бира/Пиво - пиво
* Ще се видим скоро - Ќе се видиме наскоро
* Ще се видим утре - Ќе се видиме утре

== Поврзано ==
* [[Бугарска азбука]]
* [[Бугарска книжевност]]
* [[Граматика на бугарскиот јазик]]
* [[Фонологија на бугарскиот јазик]]
* [[Романизација на бугарскиот јазик]]
* [[Македонска транскрипција на бугарскиот јазик]]

== Наводи ==
{{наводи}}

== Надворешни врски ==
{{ИнтерВики|код=bg|јазик=бугарски јазик}}
* [http://www.pneumafoundation.com/resources/articles/article_0025.pdf;jsessionid=0CEAA74EFBDB76393151B157DCCAA404] - Историја на преводот на Библијата на бугарски јазик.
* [https://dspace.gla.ac.uk/bitstream/1905/25/1/CMMacRobertEdit.pdf] - За преславската редакција на црковнословенскиот јазик.
* [http://clover.slavic.pitt.edu/~repertorium/resources/fonts/fonts.html] - Старословенски скрипти
* [http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/0/0d/Bulgarian_language.pdf Free language learning] FREE PDF Bulgarian Language {Katina Bontcheva - Ivaylo IVAYLOV}
* [http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/47/Bulgarian-Russian-English-Language.pdf Free language learning] FREE PDF Bulgarian Russian English Language {Ivaylo IVAYLOV}

{{словенски јазици}}

[[Категорија:Бугарски јазик| ]]
[[Категорија:Јужнословенски јазици]]

{{Link FA|ka}}
{{Link FA|sv}}
143

уредувања