Разлика помеѓу преработките на „Игор Џамбазов“

Додадени 11.526 бајти ,  пред 7 години
с
Отстрането уредувањето на 77.28.245.221 (разговор), вратено на последната верзија на 77.29.121.248
с (Отстрането уредувањето на 77.28.245.221 (разговор), вратено на последната верзија на 77.29.121.248)
}}
'''Игор Џамбазов''' е македонски [[актер]], шоумен, ТВ водител, [[музичар]], [[писател]], [[режисер]] на музички спотови и [[текстописец]]. Роден е на [[15 јули]] [[1963]] во [[Скопје]].
 
== Актерска кариера ==
Со актерството започнува уште на 12 годишна возраст, со улогата во филмот кој се базира на истоимената книга "Волшебното самарче" од [[Ванчо Николевски]]. Во филмот ја играл главната улога заедно со македонскиот актер [[Ристо Шишков]].
 
=== Филмографија===
* [[Ноќта спроти Свети Василиј]], 2002
* [[Збогум на 20-тиот век]], 1998
* [[Македонија може (телевизиска серија)|Македонија може]], 1991
* [[Welcome to Sarajevo (филм)|Welcome to Sarajevo ]]
* [[Викенд на мртовци]], 1988
* [[Девојките на Марко (телевизиска серија)|Девојките на Марко]], 1987
* [[Училиште за кловнови (телевизиска серија)|Училиште за кловнови]], 1987
* [[Сонце на дланка (телевизиска серија)|Сонце на дланка]], 1986
* [[Климент Охридски (филм)|Климент Охридски]], 1986
* [[Волшебното самарче (телевизиска серија)|Волшебното самарче]], 1971
* [[Македонскиот дел од пеколот (филм)|Македонскиот дел од пеколот]], 1971
 
== Музичка кариера ==
 
На само 12 години, во [[1975]] ја формирал својата прва група ПОП и со неа активно ординирал по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката. Петнаесет години подоцна д-р [[Васил Тупурковски]] ја промовирал летната култна скопска атракција [[Хавана Бенд]] во кој настапувале: Игор, [[Горан Атанасов - Зеко]] и [[Сашо Пижевски - Пиже]] и за неколку месеци од своето постоење реализирале три снимки: ''„Дај ми, жити све...“'', ''„Нема спас“'' и ''„Шток ми, бејби“'', кои никогаш, во интегрална, студиска верзија не биле официјално објавени на некаков носач на звук. Освен на касетата Поп-рок хит '91 (на МКПМРТВ), каде во друштво со најголемите македонски хитови се најде и ''Шток ми, бејби'', една од подобрите песни во таа [[1991]] година. Песните, чиј комплетен автор бил Џамбазов биле снимени во студиото на [[Тоше Поп Симонов]].
 
Годината [[1992]] Игор ја одбележал со хит-претставите ''Чија си'' и ''Грев или шприцер'' (продукција на Драмски театар - Скопје), со водителството во скопското КМР Скај радио (каде и го направи рекордот од 24 часа непрекинато водење програма) и со летната мини-турнеја со Бора Чорба, што се одвиваше по дискотеките во Македонија.
 
Домашните музички фестивали во почетокот на деведесетите биле предизвик за Џамбазов. „Љубов запеј ни“, била композицијата со која настапил на фестивалот [[Макфест]], а која ја снимил заедно со сестрите [[Тања Кочовска|Тања]] и [[Лидија Кочовска|Лидија Кочовски]], како и со [[Џон Илија Апелгрин]].
 
После дебитанскиот настап на фестивалот, во 1992 година ја исполнил носталгичната ''[[Време за плачење (песна)|Време за плачење]]'', која добила втора награда од публиката, а во еуфоричното расположение, статуетката (во облик на прстен) му ја предал на македонскиот претседател [[Киро Глигоров]], кој бил еден од најредовните посетители на фестивалот во [[Штип]].
 
Во конкуренција со 20 битолски изведувачи во финалето Игор Џамбазов со настап на битолскиот [[Интерфест]] 1994 година го освоил шесттото место, за да истата година го издал својот прв соло албум, претенциозно наречен ''Грејтист хитс''.
 
Случувањата продолжија во студио РОСС, во продукција на [[Роберт Саздов]], а програмите и коаранжманските работи ги направил [[Дарко Мијалковски]]. Комплетен автор на осумте теми бил Игор (освен за темата Играј, народе која всушност е обработка на хитот ''Dancing in the street'' од репертоарот на [[Мик Џегер]] и [[Дејвид Боуви]]). Од песните се издвојуваат: ''Абе, Марија, Колку си секси, Тие, Тогаш'' и повторно ''Дај ми, жити све'', за оваа пригода повторно снимена, но без старите пријатели Зеко и Пиже. Некаде во тоа време датира и познатството со [[Раде Шербеџија]], од кој произлегол дуетот со Игор и прекрасната анти-воена песна ''Зошто ние да не се дружиме'', вметната на четвртиот албум на Шербеџија - Заборави, кој официјално бил објавен во [[САД]], а чиј приход е наменет за раселените деца од просторот на [[СФРЈ]].
 
Во дискографската кариера на Игор Џамбазов останал забележан и заедничкиот проект со [[Владо Јаневски]]. Имено, тие, за битолската дискографска фирма Сенатор објавиле сингл-касета Домашна работа, со четири теми: две на Владо, две на Игор. Од песните на Игор се светлината на денот ја здогледале: Данке, мајне либе и Кољо шо го викаат Поп, а песните на Владо... во приказната за Владо.
 
Периодот во 1995 и 1996 година за Игор била запаметена по апстиненција од музиката, иако од тој период ќе остане запаметена соработката со [[Венко Серафимов]], од која произлегла песната [[Скопје]], [[Сарај]], [[Матка]]... и обратно. Тогаш тој успешно ја водел емисијата ''Дневна соба'' на телевизија [[Сител]], како и ТВ-квизот ''Џандар збира''.
 
Улога во државното ''Бинго'' (на Лотарија на Македонија) му донела огромна популарност и повторно го вратила во светот на музиката. Новите концерти во [[1998]] година биле повод за најновите проекти на Џамбазов. Веќе во истата година бил промовиран албумот: Игор енд Френдс - Лајф фром јУниверзал хал, од концертот кој бил одржан на 18 февруари 1998 година. Како гости на концертот биле [[Игор Атанасовски - Харе]], [[Сашо Гигов - Гиш]], [[Бранко Попчевски]], [[Банкрот Блуз Бенд]], [[Тијана Тодевска]], Зеко и Пиже, [[Ацо Џамбазов]]. Во време на најжестоките [[НАТО]] бомбардирања врз [[СР Југославија]] (март 1999.) Игор со најголемите ѕвезди од македонската естрада (Панки, Тијана, Ребека, Нокаут, Венко Серафимов, Маја Гроздановска, Магија...) во студиото Ентерпрајз на Валентино Скендеровски ја реализирал обработката на хитот на Eagles, Hotel California - во негова верзија ''Хотел Македонија''.
 
Големиот камбек најпопуларниот Македонец на 20 век го има две години подоцна, во 2001 година, кога ја работи новата песна на Ребека (Нешто убаво), на [[Брејк]] (Во бестрага), кога го режирал спотот на [[Ареа]] (за темата Слободен) и конечно го реализира најамбициозниот соло проект Ова не е блуз, објавен под закрилата на [[Авалон продукција]], како нивно десето издание. На цедето се најдоа дванаесет теми (сместени во пеесетина минути) и тие го претставуваат Игор Џамбазов во најдоброто и најкреативното светло досега.
 
Благодарение на своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов бил три пати е прогласуван за Најпопуларно ТВ лице на годината, 2 пати за Артист на годината и 6 пати за Водител на годината и не случајно го доби епитетот - „македонскиот шоумен“.
 
== Писателска кариера ==
* ''Гол човек'' ISBN 9989-2465-0-5
* ''Прирачник за анти антиалкохоличари ''
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Џамбазов, Игор}}
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Македонски глумци]]
[[Категорија:Македонски пејачи]]
[[Категорија:Македонски водители]]
143

уредувања