Бранко Црвенковски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 39:
Во текот на својата политичка кариера бил [[Премиер на Македонија]] во периодот од [[1992]] до [[1998]] и од [[2002]] до [[2004]] година, како и [[Претседател на Македонија]] од [[2004]] до [[2009]] година.
 
== Политичка кариера ==
 
Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во [[1990]] година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
 
=== Премиер на Македонија ===
 
Во [[1990]] година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓала во рамките на [[СФРЈ|СФР Југославија]], избран бил за шеф на Изборниот штаб на [[СДСМ]], а по ова и за [[пратеник]] во првиот состав на [[Собрание на Република Македонија|Собранието]]. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент Црвенковски бил потписник на иницијативата за распишување [[Референдум во Македонија, 1991|референдум за независна Македонија]]. Претходно, Црвенковски бил Директор на ''Семос''.
 
Во [[април]] [[1991]] година Црвенковски бил избран за претседател на [[СДСМ|Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија]]. На [[5 септември]] [[1992]], тој станал вториот [[премиер на Република Македонија]] по нејзиното осамостојување од [[Југославија]]. Со 29 години, тој бил најмладиот [[премиер]] во [[Европа]] во тој период. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски ја промовирал идејата за учество на партиите на [[Македонски Албанци|Албанци]]те во [[Влада на Република Македонија|Владата на Република Македонија]]. Тој успеал да формира широка коалиција со [[Либерална партија на Македонија|Либералната партија]], [[Социјалистичка партија на Македонија|Социјалистичката партија]] и [[ПДП|Партијата за демократски просперитет]], во која членувале само Албанци.
 
Вториот премиерски мандат (за уште 4 години) го добил по [[Македонски парламентарни избори, 1994|изборите во декември]] во 1994 година. Во периодот [[1994]]-[[1998]] [[Македонија]] успеала да стане член на повеќе меѓународни организации, како што се: [[ООН|Организацијата на Обединетите нации]] (ООН), [[ОБСЕ]] и [[Совет на Европа|Советот на Европа]]. Црвенковски исто така е потписник на првиот договор со [[ММФ]] и [[Светска Банка]].
 
[[Податотека:crvenkovski-papa.jpg|thumb|десно|250px|Претседателот Бранко Црвенковски со папата [[Бенедикт XVI]]]]
 
=== Лидер на опозиција ===
 
По поразот на [[Македонски парламентарни избори, 1998|парламентарните избори во 1998]] година, од [[1998]] до [[2002]] година бил лидер на опозицијата во [[Собрание на Република Македонија|македонското собрание]]. Поради започнувањето на [[Воен конфликт во Македонија, 2001|воениот конфликт во 2001]] година, Социјалдемократскиот сојуз се приклучил кон ''Владата на политичко единство'', која била формирана со цел да запре кризата во земјата.
 
Црвенковски, заедно со тогашниот премиер и лидер на [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Љубчо Георгиевски]] и со лидерите на [[ПДП|Партијата за демократски просперитет]], [[Имер Имери]], и на [[ДПА|Демократската партија на Албанците]], [[Арбен Џафери]], како и со претседателот [[Борис Трајковски]], се потписници на [[Охридски рамковен договор|Рамковниот договор]] од [[Охрид]].
 
=== Премиер на Македонија ===
 
На [[Македонски парламентарни избори, 2002|парламентарните избори во 2002]] година [[СДСМ]] повторно ја освоил власта заедно со партнерите од коалицијата „[[За Македонија заедно]]“, при што со политичките сојузници од коалицијата освоиле 60 од вкупно 120 пратенички места во парламентот. Така по крајот на изборите, во [[2002]] година повторно застанал на премиерската позиција.