Елизабета Боуз-Лајон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Duplicate: File:09-2361a.jpgFile:Eleanor Roosevelt, King George VI, Queen Elizabeth in London, England - NARA - 195320.jpg Exact or scaled-down duplicate: [[:commons::File:Eleanor Roosevelt, King George VI, Queen...
Ред 71:
Педесет автори и уметници придонесле за книгата која на предната корица имала портрет на кралицата насликан од [[Сесил Бетон]] и бил продаден во корист на [[Црвениот крст]]. Елизабета јавно одбила да го напушти Лондон или да ги испрати децата во Канада, дури и за време на бомбардирањето на Обединетото Кралство од страна на Германија, познато како [[Блиц]], кога [[кабинетот]] ја советувал да го направи тоа. Таа изјавила „Децата нема да одат без мене. Нема да го напуштам кралот. И кралот никогаш нема да замине.“
Ги посетила војниците, болниците, фабриките и делови од Британија кои биле мета на [[германскиот Луфтвафе]] особено во [[источниот крај]], близу [[лондонските докови]]. На почетокот нејзината посета предизвикала немири, фрлале ѓубре по неа и народот се потсмевал од една страна затоа што носела скапа облека која ја оддалечила од луѓето кои страдале од сиромаштијата која војната ја предизвикала. Објаснила дека ако ѝ дојдат тие на посета ќе го облечат нивното најдобро парче облека па таа ќе им врати во натура; облеката која [[Норман Хартнел]] ја направил за неа била во нежни бои избегнувајќи ја црната со цел да го претстави „виножитото на надеж“. Кога [[Бакингемската палата]] доживеала неколку удари за време на бомбадирањето, Елизабета била во можност да го изјави следново „Мило ми е што бевме бомбардирани. Тоа ме натера да почувствувам дека можам да го погледнам источниот крај во лице.“
[[Податотека:09Eleanor Roosevelt, King George VI, Queen Elizabeth in London, England -2361a NARA - 195320.jpg|мини|десно|[[Еленор Рузвелт]], кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета во Лондон, 23 октомври 1942 година]]
Иако кралот и кралицата го поминале работниот ден во Бакингемската палата, делумно поради безбедносни и семејни причини ја поминале ноќта во [[замокот Виндзор]] околу 20 милји (32 км) западно од центарот на Лондон заедно со принцезите Елизабета и Маргарет.
Палатата изгубила поголем дел од својата [[армија]], а повеќето од собите биле затворени. Прозорците биле уништени од страна на експлозиите па затоа биле заковани. Во текот на [[„Привидната војна“]] на кралицата ѝ била овозможена обука со револвер поради стравување од непосредна инвазија.