Логика на непрецизноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Во [[1965]], Лотфи Аскер Заде ја предложил теоријата за неопределените множества<ref>Zadeh, L.A. (1965). "Fuzzy sets", ''Information and Control'' 8 (3): 338-–353.</ref>, а потоа создал и неопределената логика заснована на неопределени множества. Неопределената логика наоѓа примена на најразлични полиња, од [[теорија на раководењето|теоријата на раководењето]] до [[вештачка интелигенција]], но сепак неја ја одбегнуваат највеќето [[статистика|статистичари]], кои претпочитаат да работат со [[Бејсова веројатност|Бејсова логика]] и некои [[теорија на раководењето|раководни инженери]], кои претпочитаат класична [[класична логика|двовредносна логика]].
 
Пред Задевата теорија, поимот „неопределена“ (т.е. ''фази'') се среќава во труд на Р.Х. Вилкинсон од 1963 г.<ref>Wilkinson, R. H. (1963). "A method of generating functions of several variables using analog diode logic". IEEE Transactions on Electronic Computers. EC12, 112-129</ref> и овој труд е претходник на теоријата на неопределените множестватамножества. Вилкинсон бил првиот кој ја редефинирал и генерализирал дотогашната повеќевредносна логика изразена преку теоријата на множествата. Главната цел на овој труд, по предлозите во неговата магистерската [[дисертација]] по [[електроинженерство]] во 1961, е да се покаже симулација на било која математичка функција со електронски [[коло|кола]]. Тој го прикажал напишаното со тоа што направил разни линеарни [[напон]]ски рампи кои потоа се избирале на [[логички блок]] користејќи диоди и резисторски кола каде биле применети максималните и минималните правила на неопределената логика: операциите ВКЛУЧИТЕЛНО ИЛИ и И. Оваа логика тој ја нарекол „аналогна логика“. Некои сметаат дека идејата за неопределената логика е всушност множествен математички еквивалент на оваа „аналогна логика“ на Вилкинсон (без употреба на електрички кола), но тој никогаш не добил признание за неговата работа.
 
== Степени на вистинитост ==