Никеи: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 20:23, 24 октомври 2013

Никеа (грчки: Νείκεα), односно Никеите, во старогрчката митологија биле божества на караницата. Прикажувани се како група зли демони на полпаките и судирите.

Митологија

Според Хесиод Никеите ги родила Ерида по пат на партеногенеза, а според Хигин, тие се потомство на Етер и Геја.[1] На некој начин тие се споменуваат како причинители на караницата меѓу Океан и Тетија, кога Хера побрзала да ги смири, зашто не заборавила дека тие ја израснале.[2]

Толкување

Според некои извори, Хесиод во својата „Теогонија“ ги спомнува Никеите (раздорот) и Филота (пријателството) како ознака за крајниот принцип на устројството на космосот.[3]


Наводи