Винсент ван Гог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.141.119.9 (разговор), вратено на последната верзија на Addbot
Ред 82:
Оттогаш, ''Мртва природа со сламен шешир'' и ''Мртва природа со земјено грне и налани'' се познати по нивната мајсторска техника. За двете слики карактеристични се совршено прецизните линии и прекрасните нијанси на бои. <ref>^ Hulsker (1980) 196–205</ref> За време на престојот во Нуенен завршил голем број цртежи и околу 200 слики во масло. Неговата палета се состоела главно од темни, земјени тонови, најмногу темна кафена,не навестувјќи ја употребата на живи бои кои го обележуваат неговите најпознати дела. Кога се пожалил дека Тео не вложува доволно труд за да ги продаде неговите дела во Париз, Тео кажал дека тие се премногу мрачни и не можат да се споредат со делата на импресионистите кои биле актуелни во тој период.
Во ноември 1885г. се преселил во Антверпен и изнајмил малечка соба над продавница за уметнички дела. Имал малку пари и се хранел сиромашно, а парите кои му ги праќал Тео преферирал да ги троши на материјали за работа и модели. Лебот, кафето и цигарите му биле основни артикли. Во февруари 1886г., му испратил писмо на Тео, велејќи му дека од мај, претходната година има изедено вкупни шест топли оброци. Почнале да му паѓаат забите и му создавале огромни болки. Додека бил во Антверпен се пријавил на теоретски курс за бои и долго време поминувал гледајќи дела во музеите, особено делата на Питер Пол Рубенс, со што добил храбост да ја прошири својата палета на бои со кармин, кобалт и смарагд-зелена. Таму, почнал обилно да пие апсинт.<ref>^ Callow (1990), 253</ref> Се лечел кај докторот Кавенаил, и за еден од третманите пронајдени се податоци во неговата тетратка.Ван Гог го положил и највисокото ниво од приемниот испит на Академијата за убавите уметности во Антверпен , и покрај тоа што одбивал академска обука, и во јануари 1886г. се запишал на отсекот боење и цртање. Поголемиот дел од февруари бил болен и изнемоштен од работа, изгладнетост и премногу цигари. <ref>^ His 1885 painting Skull of a Skeleton with Burning Cigarette, is an apt commentary on his smoking</ref> Заминал во Париз во март 1886г. со цел да учи во студиото на Фернард Кормон, каде што делел соба со Тео, а во јуни зеле поголем стан малку подалеку. Бидејќи во овој период немало потреба да комунцираат со писма, малку се знае за неговиот престој во Париз. Ван Гог работел неколку месеци во студиото на Кормон, каде што ги запознал колегите-ученици како Емили Бернард, Луис Анкветин и ХенриАнри де ТоулосеТулуз-ЛаутрекЛотрек, кои го изработиле портретот на Ван Гог со пастелни бои. Тие имале обичај да се среќаваат во продавницата на Џулиен Тангај, која била единствена продавница во тоа време во која можеле да се видат дела на Пол Кезане. Во 1886г. се поставиле две големи авангардни изложби. Кон крајот на 1886г. заедничкиот живот на Тео со ван Гог станувал неподнослив.Но пролетта 1887г. ги смириле односите. Тогаш Винсент се преселил во Аснирес,се запознал со Сињак и ги презел елементите на поинтилизмот.
Во ноември 1887г., Тео и Винсент го запознале Пол Гоген, кој штотуку пристигнал во Париз, и се спријателиле со него.<ref>^ D. Druick & P. Zegers, Van Gogh and Gauguin: The Studio of the South, Thames & Hudson, 2001. 81; Gayford, (2006), 50</ref> Кон крајот на годината Ван Гог подготвил изложба од негови, како и дела од Бернард и Анкветин во ресторан на Монмартр. Таму Бернард и Анкветин ги продале нивните први слики, а Ван Гог ги заменил своите дела со Гоген, кој набргу заминувал во Понт-Авен. Дискусиите за уметноста, сликарите и нивните социјални статуси започнале за време на изложбата, и продолжиле вклучувајќи и посетители на настанот. Конечно, во февруари 1888, чувствувајќи презаситеност од животот во Париз, заминал од градот со околу 200 слики изработени во двете години кои ги поминал таму. Само неколку часа пред заминувањето ја платил својата прва и единствена посета на Севрат во неговото ателје, заедно со Тео. <ref># ^ Letter 510 Vincent to Theo, 15 јули 1888. Letter 544a. Vincent to Paul Gauguin, 3 октомври 1888</ref>