Павел Христов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 16:
Павле Христов е роден [[1874]] г. во битолското село [[Цапари]]. Завршил гимназија во [[Лом]] во 1894 година и се вратил во [[Македонија]] како учител. Учителствувал во [[Прилеп]], [[Кичево]], [[Костур]] и [[Битола]]. Во 1895 година влегол во редовите на Внатрешната организација и брзо напредувал во нејзината хиерархија. Станал раководител на Костурската револуционерна околија (1898 - 1901), а му помагале му Кузо Стефов, Лазар Младенов и Михаил Николов. Во 1901 година бил уапсен од отоманските власти и поминал 3 години во [[Корча|Корчанскиот]] затвор.
 
По [[Илинденското востание]] во 1903 година бил избран за раководител на [[Битолски револуционерен округ|Битолскиот револуционерен округ]]. На [[Рилскиот конгрес]] на во 1905 година е делегат од Битолскиот округ, а на [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] во 1908 година е избран за член на Централниот комитет. По [[Младотурската револуција]] бил училишен инспектор во [[Битола]] <ref>[http://www.scribd.com/doc/50398723/%D0%97%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0 Колектив, Значајни личности за Битола, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битоля, 2007, стр.246-147]</ref>.
 
Во периодт помеѓу 1910 - 1911 година бил задграничен претставник на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] во [[Софија]] <ref>Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 15.</ref> и го помагал обидот за обнова на Битолскиот револуционерен округ.
 
Во [[Балканските војни]], Павле Христов бил доброволец во [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]]. Првично бил во четата на Панајот Каранфилов, а потоа ја предводел чета бр. 23, составена од 13 лица, која дејствувала во Битолско како поддршка на српските војници. Заедно со Крсте Маликов и над 400 четници, ја прекинал на неколку места железничката линија меѓу [[Лерин]] и [[Кременица]] и предизвикал паника во тилот на турската војска кај Битола <ref>Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 23.</ref>.
 
Во [[Втората балканска војна]] е во зборната партизанска чета при ополчението. Во септември 1913 година Христов бил еден од главните организатори и раководители на [[Охридско востание|Охридско-Дебарското востание]]. На 12 септември 1913 година неговата чета заедно со четата на [[Петар Чаулев]] влегле свечено во [[Охрид]]. Павле Христов влегол во привременото раководното тело. По погромот на востанието, Христов се повлекува во [[Албанија]], каде се поврзал со албанските револуционери за нова соработка.