Славко Јаневски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
'''Славко Јаневски''' ([[Скопје]], [[11 јануари]] [[1920]] — Скопје, [[20 јануари]] [[2000]]) бил истакнат македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на [[МАНУ]] и [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писатели на Македонија]]. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по [[Втората светска војна]], која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „[[Село зад седумте јасени]]“ (1952) е првиот роман објавен на стандарден [[македонски јазик]].
 
Поради својата плодна творечка кариера, Јаневски бил одликуван со поголем број награди и признанија, меѓу кои наградите „[[Награда „АВНОЈ“|АВНОЈ]]“, и „[[Награда „11 Октомври“|11 октомври]]“ и Златен венец на [[Струшките вечери на поезијата]]. Во негова чест во паркот „Жена-борец“ во [[Скопје]] е поставен споменик изработен од академик Томе Серафимовски. Покрај тоа, во негова чест е именувана и читална во Скопје, која била пуштена со работа во 2013 година.
 
Во 2013 година, Комисијата за лустрација на Македонија објавила дека дошла до заклучок дека Славко Јаневски бил соработник на југословенските тајни служби. Ова резултирало со остри реакции и неприфаќање на одлуката од страна на [[МАНУ]], [[Друштво на писателите на Македонија|ДПМ]], и пошироката македонска јавност.