7.908
уредувања
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Макинли претседавал за повраток на просперитетот по паниката во 1893год. и ја направил златната основа на парата. Тој демантирал дека Шпанија завршила со нејзините ѕверства во Куба, Шпанија ја издржала интерференцијата и Шпанско – Америчката војна станала неизбежна во 1898. Војната била брза и едноставна, како што неделно шпанските флоти биле потопувани, Куба и Филипините биле заробени за 90 дена. На мировната конференција Макинли се согласил да ги купи поранешните шпански колонии на Порторико, Гуам и Филипините и да постави протекторат на Куба. Иако подршката за самата војна била широко распространета, демократите и анти- империалистите жестоко се спротивставиле на припојувањето на Филипините, плашејќи се од загуба на републиканските вредности. Макинли исто така ја припоил и независната Република на Хаваите во 1898год. и сите нејзини жители станале американски граѓани. Макинли бил повторно избран во 1900год. на претседателските избори, уште една интензивна кампања против Брајан (Bryan) што била фокусирана на надворешната политика и на враќањето на просперитетот. Макинли бил убиен од анархист во 1901год. и наследен од неговиот заменик- претседател Теодор Рузвелт (Theodore Roosevelt).
== Потекло ==
Кланот Макинлипристигнал во Пенсилванија во 1740 како дел од големата миграција на шкотите и ирците. Чукун чукун дедото на Макинли Дејвид Макинли (David McKinley), ветеран на Американската револуција, се населил во Охио во 1970.
Вилијам Макинли (William McKinley, Jr.,) бил роден во Нил, Охио на 29 јануари 1843год. , седми од деветте деца. Неговите родители Вилијам (William- 15.11.1807 – 24.11.1892) и Ненси (Nancy- 22.04.1809 – 12.12.1897) Макинли биле од шкотско-ирско и англиско потекло. Кога Макинли имал 10 години се преселил во Поланд, Охио. Таму го завршил средното образование и се запишал на колеџот ,,Mount Union,, каде што бил член на сигма алфа епсилон братството, а во 1860год. се запишал еден семестар на колеџот ,,Allegheny,,. Тој не земал диплома.
=== Граѓански права ===
Макинли бил последниот ветеран на граѓанската војна што бил избран за претседател на САД и што служел како мајор на 23 бригада на Охио. Тој бил израснат како методист и аболиционист од страна на неговата мајка во Охио. Тој бил сочуствителен со афроамериканците кој се бореле против законот на ,,Џим Кроу’’ (Jim Crow) насекаде во нацијата додека тој бил претседател. Тој именувал повеќе афроамериканци за работа во служба, вклучувајќи го Волтер Кохен (Walter L. Cohen) од Њу Орлеанс, лидер на црнечката републиканска фракција, како инспектор на царина. Подоцна републиканските претседатели Ворен Хардинг (Warren G. Harding) и Келвин Кулиџ (Calvin Coolidge) му дале на Кохен уште поголема функција во централната царинска зграда во Њуорлеанс.
Макинли одржал неколку говори за афроамериканска еднаквост и правда:
,, Не треба да има еднаквост и правда само во пишаниот закон. Мора да има еднаквост и правда во законодавната администрација насекаде, и како спроведена во секој дел на Републиката за секој граѓанин од неа. Не мора да биде ладна формалност на конституционален пропис. Мора да биде природно право.
|