Вилијам Макинли: Разлика помеѓу преработките

нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Спротивно на популарното верување, Макинли не го избрал Шерман за да го отвори патот за Хана. Избраниот претседател му ја понудил првично на Хана големата почесна позиција за министер на пошти и телекумуникации, што индустриецот од Кливланд ја одбил. Првиот избор на Макинли за Стејт Департментот, сенаторот Вилијам Алисон (William Allison) од Ајова (Iowa) ја одбил понудата. Шерман кој претходно бил министер за финансии, изгледал како сериозен кандидат. Иако Шерман бил искусен државен службеник, тој бил стар и постојано кружеле гласини за неговата сенилност, обвинувања кои не биле без заслуга. Долгогодишниот пријател на Макинли Вилијам Руфис Деј (William Rufus Day) работел како министер за надворешни работи за време на пресудните месеци кои воделе до шпанско-американската војна.
 
=== Шпанско-американска војна ===
Настанот кој го обележал претседателството на Макинли била шпанско-американската војна. Конфликтот помеѓу двете земји проникнал од статиите на жолтиот печат за шпанските ѕверства во Куба, односно шпанската употреба на концентрациони логори и брутална сила за да го задушат кубанското востание. Шпанците постојано ветувале нови реформи, а потоа ги одложувале. Демократите и сензационалистичкиот жолт печат од весниците на Вилијам Рандолф Херст (William Randolph Hearst) го поттурнале јавното мислење на американците против Шпанија преку медиумите во 19 век во ненадеен напад за војна. Макинли и бизнис средината, помогнале преку говорителот на Домот, Рид (Reed), се спротивставиле на побарувачката на јавноста за војна. Меѓутоа администрацијата на Макинли имала проблеми со контролирањето на растечкото мислење на САД.
За да ја покажат американската грижа која растела, воен брод бил испратен на пристаништето во Хавана. На 15 фебруари 1898год. мистериозно експлодирал и потонал, предизвикувајќи смрт на 260 луѓе. Официјално никој не би обвинет но епизодата ја стаписала нацијата. Факторот на несигурност го ослабнал Макинли и по додатни одожувања од Мадрид тој ја предал работата на Конгресот кој гласал за војна. Иако армијата на САД не била подготвена, воената морнарица била и милицијата и единиците на националната стража нападнале на јуриш, особено Теодор Рузвелт и неговите ,,Вешти Јавачи’’. Поморската војна во Куба и на Филипините била успешна, најраната војна во историјата на САД, и по 13 дена Шпанија се согласила на мировните услови со договорот од Париз во јули. Министерот за надворешни работи Џон Хеј (John Hay) ја нарекол ,,прекрасна мала војна’’. САД добил сопственост на Гуам, Филипините и Порторико и привремена контрола над Куба. Хаваи што со години се обидувале да се приклучат кон САД биле припоени.
На мировната конференција Шпанија ги продала правата наФилипините на САД, кој превземал контрола над островите и ги задушил локалните бунтови, под приговор на демократите и на новоформираниот антиимпериалистички сојуз. Макинли го испратил Вилијам Хаурд Тафт (William Howard Taft) на Филипините , а потоа во Рим да ја реши долго постоечката расправа за островите поседувани од Католичката Црква. До 1901год. на Филипините повторно владеел мир по една декада на немири.
 
=== Граѓански права ===
Макинли бил последниот ветеран на граѓанската војна што бил избран за претседател на САД и што служел како мајор на 23 бригада на Охио. Тој бил израснат како методист и аболиционист од страна на неговата мајка во Охио. Тој бил сочуствителен со афроамериканците кој се бореле против законот на ,,Џим Кроу’’ (Jim Crow) насекаде во нацијата додека тој бил претседател. Тој именувал повеќе афроамериканци за работа во служба, вклучувајќи го Волтер Кохен (Walter L. Cohen) од Њу Орлеанс, лидер на црнечката републиканска фракција, како инспектор на царина. Подоцна републиканските претседатели Ворен Хардинг (Warren G. Harding) и Келвин Кулиџ (Calvin Coolidge) му дале на Кохен уште поголема функција во централната царинска зграда во Њуорлеанс.
Меѓутоа Макинли не сакал да ја употреби федералната власт за да го спроведе 15 Амандман од Уставот на САД. За време на неговото претседателство имало многу убиства, тортури и прекршувања на граѓанските права секаде низ земјата против афроамериканците. Макинли сакал да се врати на методите на реконструкција на Конгресот по граѓанската војна, за време на администрациите на Ендру Џонсон (Andrew Johnson) и Јулисес Грант (Ulysses S. Grant), а не превземал чекори да ги подобри ефектите од одлуката од 1896год. на Врховниот Суд на САД -Плиси против Фергусон (Plessy v. Ferguson). Во таа одлука Врховниот Суд изјавил дека јавните установи кои биле ,,одделени но еднакви’’ можат да се употребат за изделување на афроамериканците од белото општество.
И покрај пофалната реторика на Макинли, политичката реалност спречила секаква акција во делот на неговата администрација во однос на расната поврзаност. Макинли направил малку за да ја ублажи заостанатата ситуација на афроамериканците затоа што ,, не сакал да го оддалечи белиот Југ’’. Америка од 1890год. навистина, Америка на администрацијата на Макинли била застрашувачки расистичка. Периодот од 1890год. бил познат за историчарите како ,,дно на расистичките односи’’, како што e докажано со воведувањето на законите на Џим Кроу (Jim Crow) и одлуката на Плиси против Фергусон (Plessy v. Ferguson).
Покрај неговата привидна пасивност, Макинли назначил триесет афроамериканци на ,, позиции на последица’’, што било код за дипломатски позиции. За време на шпанско-американската војна Макинли дури отповикал воени наредби, спречувајќи регрутација на афроамерикански војници. Такви напори, како што Џералд Бејл (Gerald Bahles) од Милер центарот за надворешни работи укажал дека направил малку за ,,да ја запре влошената позиција на црнците во американското општество’’.
=== Изборите во 1900 година ===
Макинли бил повторно избран во 1900год., овој пат со најголема надворешна политика. Брајан (Bryan) барал војна со Шпанија ( и волонтирал како војник), но строго се спротивставил на припојувањето на Филипините.
Тој исто така се кандидирал на истото прашање околу бесплатното сребро како и претходно, но кога дебатата за среброто завршила со изгласување на златно-стандардниот акт од 1900год., Макинли лесно победил на изборите.
 
=== Втор мандат ===
Здравјето на госпоѓа Макинли не било добро по кампањата во 1900год. Таа патувала во Калифорнија со претседателот во мај 1901год. Макинли поминувал голем дел од своето време со сопругата, но бил овозможен да одржи говор во Сан Хозе на 13 мај и да присуствува на неговата парада во Сан Франциско на 14 мај. Претседатеот дошол во Оукленд без својата жена на 17 мај за да одржи говор. Тој дошол во унијата на железарници од Сан Франциско да го набљудува лансирањето на воениот брод, УСС Охио (ББ-12).
Тој бил лансиран на18 мај 1901год. спонзориран од госпоѓица Хелен Дешлер (Helen Deschler), роднина на гувернерот Џорџ Неш (George K. Nash) од Охио. Претседателот и госпоѓа Вилијам Макинли (William McKinley) присуствувале на церемонијата, но првата дама толку се разболела во Сан Франциско што планираната тура на северозападот била откажана.