Лудвиг ван Бетовен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 217.16.90.130 (разговор), вратено на последната верзија на M4r51n
сНема опис на уредувањето
Ред 19:
Сите приказни за Бетовеновата мизантропија, неговата ексцентричност и лудило, датираат од времето на опаѓањето на моќта на [[слух]]от, која многу често му причинува и огромна физичка болка. Станува напорен како личност, фрустрациите и лутината поради својата состојба го прават премногу остар, а трпението на неговите блиски роднини и пријатели – редовно е ставано на тест. Карл, неговиот внук и штитеник, станува толку потиштен од цврстината на вукјо си (кој му забранувал да се гледа со неговата мајка), што посегнува по својот живот како би се ослободил од него. И покрај сето тоа, моќта на шармот на композиторовиот карактер е толку голем што тој остварува бројни блиски врски со жени, иако повеќето од нив мажени благороднички, па според тоа и недостижни. Идентитетот на Бетовеновата најголема љубов, „Бесмртната Љубена“, останува мистерија до ден денешен. Најверојатна претпоставка е дека тоа била [[Антонија Брентано]], чиешто најмладо дете многу веројатно го има зачнато тој.
 
Пркосно на движењата низ аристократското миљемилје, неговиот став кон повисоките класи е прилично рамнодушен. Во срцето тој е републиканец, но тоа никако не би можело да се претпостави: скоро сите негови патрони се благороднички титулирани – почнувајќи од грофот Валдштајн во Бон. Стекнува многу големо пријателство во великодушниот Принц Личновски во 1806 со изјавата: „Имало и ќе има стотици принцови. Има сам еден Бетовен.“ Онаму каде што Моцарт и неговите претходници (пр. [[Хајдн]]) се виртуози кои им овозможуваат извесен комодитет на нивните патрони во врска со своето творештво, Бетовен инсистира на издејствување на тотална независност и апсолутната важност на себе-изразувањето: „Што е во моето срце мора да излезе и јас морам да го запишам.“
 
Ако Бетовеновата самодоверба како изведувач драстично се намалува поради глувоста (тој конечно престанува со јавните настапи во 1815), неговите имагинативни моќи како композитор стануваат сè поголеми и поголеми. Со решавањето на матерјалните проблеми од годишната рента овозможена од неговиот ученик и пријател, Надвојводата Рудолф, како и од приходите од уште други двајца благородници, зрелоста како композитор е сигнализирана со третата симфонија, [[Симфонија Бр. 3 (Бетовен)|Ероика]]. Грубо генерализирајќи, пред оваа симфонија, Бетовен како композитор го гледаме сѐ уште во традициите на класиката и 18-от век; после оваа симфонија, најавен е правецот кој денеска се нарекува „[[Романтизам]]“, правецот кој го одбележал 19-от век.