Автопатролери, Автооценувачи, Бирократи, Уредници, Администратори на посредникот, Патролери, Оценувачи, Администратори
714.004
уредувања
с (oтстранета Категорија:Италијански скулптори; додадена Категорија:Италијански вајари со помош на HotCat) |
с |
||
Работел во [[мермер]], [[бронза]] и [[сребро]]. Негово дело е статуата на младиот [[Св. Јован Крстител|Св. Јован]] над вратата на црквата [[Санта Марија дел Фјоре]] („дуомо“-то) во Фиренца, од спротива на [[Крстилница (Фиренца)|Крстилницата]]; исто така направил и прекрасна сребрена статуетка на [[Јован Крстител]] на предниот олтар во црквата Сан Џовани. Голем пријател и патрон на Микелоци бил [[Козимо Медичи]], кого го придружувал во [[Венеција]] во [[1433]] за време на неговото кратко прогонство. Додека бил во Венеција, Микелоцо ја изградил библиотеката во [[Сан Џорџо Маџоре]], а таму проектирал и други згради.
Во [[1428]], заедно со Донатело, Микелоцо подигнал [[проповедница]] на отворено, на аголот на катедралата [[Пратска катедрала|Св. Стефан]] во [[Прато]]. Величенствениот дворец [[Палацо Медичи Рикарди]] во Фиренца, изграден за Козимо, е исто така негово дело; ова е еден од најблагородните примери на италијанската архитектура од [[XV век]], во кој одличниот вкус и способност на архитектот ги искомбинирале деликатната леснотија на италијанската [[Готска архитектура|готика]] со масивната достоинственост на класичниот стил. Со своите големи инженерски вештини, Микелоцо ја поправил и делумно реизградил палатата [[Палацо Векјо]], која тогаш била пропадната, и додал многу важни соби и скалишта. Кога во [[1437]], благодарение на Козимовата либералност, манастирот Св. Марко во Фиренца бил предаден на [[Доминиканци]]те од [[
Микелоцо конструирал бројни други згради за Козимо, највеќето од кои се важни зданија. Меѓу овие била гостилницата во [[Ерусалим]] за фиренските аџии, Козимовата летна [[Вила Медичи, Кареџи|вила кај Кареџи]] и силно утврдениот замок [[Кафаџоло (дворец)|Кафаџоло]] во [[Муџело]]. За [[Џовани ди Козимо Медичи|Џовани Медичи]], Козимовиот син, Микелоцо изградил многу голема и величенствена палата во [[Фјесоле]]. И покрај изјавата на [[Џорџо Вазари|Вазари]] дека тој умрел на 68-годишна возраст, по сѐ изгледа дека Микелоцо живеел до [[1472]] год. Погребан е во манастирот Св. Марко, Фиренца.
|
уредувања