Полжави: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q4867740 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 33:
Телото на полжавите се состои од четири главни делови: висцерална маса, [[мантија]], глава и стапало. Главата е високоразвиена и билатерално симетрична. Таа содржи пар или две пипала, уста и [[Око|очи]] кои често се сместени на очни дршки. Устата содржи важен орган наречен [[радула]] кој функционира при обработката на храната, но се адаптирал и за други намени. Радулата може да содржи многу индивидуални заби кои ја мелат храната пред таа да помине во хранопроводот и желудникот.
Повеќето од [[Систем за варење|дигестивните]], [[Систем за дишење|респираторните]], [[Систем за излачување|екскреторните]] и [[Систем за размножување|репродуктивните]] органи се наоѓаат во мантијната празнина на висцералната маса. Рабовите на оваа празнина се цилијарнитрепкести за да го забрзаат протокот на [[вода]] низ [[жабри]]те (односно [[Ктенидија|ктенидиите]]) кои ја обрабуваат горната површина на мантијната празнина. На горната страна на мантијната празнина се наоѓа и [[осфрадиум]]от, орган способен за детектирање на хемиски промени во околината. Други компоненти на [[Нервен систем|нервниот систем]] се церебралната [[ганглија]], очите и [[Олфакторна мембрана|олфакторните]] [[Ткиво|ткива]], кои често се наоѓаат на пипалата.
 
Од радулата, со помош на [[Цилија|цилиитрепки]] се транспортира храната низ дигестивниот систем на полжавот до [[Букална празнина|букалната празнина]] и/или [[желудник]]от, каде се одвива [[Варење|дигестијата]] со помош на [[ензим]]и кои се секретираат од [[Плунковна жлезда|плунковните]] и дигестивните [[Жлезда|жлезди]]. Кај карниворните полжави, [[мускул]]ната акција исто така игра голема улога при движењето на храната низ системот. Екскреторниот систем на полжавите се состои од два [[бубрег]]а, или [[Нефридија|нефридии]], иако кај понапредните форми еден бубрег е сосема мал или, пак, отсуствува. Копнените полжави ја редуцираат загубата на вода со запечатување на мантијната празнина со продолжена мантијна огрличка.
 
Репродукцијата кај полжавите е најразновидна; половите се разделни кај речиси сите [[Предножабрени|прозобранхиите]], но повеќето од [[Задножабрени|опистобранхиите]] и [[Пулмонати|пулмонатите]] се [[хермафродит]]и. Внатрешното [[оплодување]] се случува кај некои морски видови, но секогаш е присутно кај слатководните и копнените жители.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Полжави