Цевчести црви: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 17:

[[Податотека:Nematoda-Anatomy.svg|мини|десно|120п|Шематски приказ на анатомијата на мажјак од ''Ascaris sp.'':
'''1.''' уста
'''2.''' црево
'''3.''' клоака
'''4.''' екскреторни органи
'''5.''' [[тестис]]
'''6.''' околуголточен нервен прстен
'''7.''' грбна (дорзална) нервна врвка
'''8.''' стомачна (вентрална) нервна врвка
'''9.''' екскреторна пора.]]
'''Цевчестите црви''' (или '''кружни црви''', односно '''Nematoda''') се голем тип на [[животни]] со илјадници видови. Овие црви некогаш се класифицирале во многу голема и хетерогена група на животни, групирани врз база на нивната црвовидна форма, едноставната структура на телесната празнина (наречена [[псевдоцелом]]) и отсуството на некои други карактеристики, како [[Цилија|цилиитрепки]] и добро дефиниран главен регион (глава). Оваа група, порано позната како ''Aschelminthes'' или ''Pseudocoelomata'', денес не е признаена како природна. Мошне е веројатно дека едноставниот план на градба на телото кај овие [[Организам|организми]] резултирал од редукцијата и упростувањето на повеќе од една група на предци. Едноставноста на градбата е резултат на секундарно упростување на покомплексен телесен дизајн. Поновите студии индицираат дека нематодите се всушност поврзани со [[членконоги]]те и приапулидите во една релативно нова група - [[екдисозоа]].

== Телесни карактеристики ==
Ред 23:
[[Податотека:CrawlingCelegans.gif|thumb|left|Движење на слободниот цевчест црв ''Caenorhabdites elegans'']]

Телото на цевчестите црви е долго и тенко, а понекогаш може да биде и во вид на конец. Токму од оваа особина доаѓа и името на овие животни - зборот "нематода" доаѓа од [[Грчки јазик|грчкиот]] збор ''nema'' што значи "конец". [[Епидермис]]от ([[кожа]]та) на нематодата е многу необичен; тој не се состои од [[Клетка|клетки]] како кај другите животни, туку од маса на клеточен материјал и [[Клеточно јадро|јадра]] без [[јадрена мембрана]]. Тој секретира тенка надворешна [[кутикула]] која е жилава и флексибилна. Кутикулата е карактеристика која ја делат нематодите со членконогите и другите екдисозои. Како и кај другите групи животни со кутикула, така и кај цевчестите црви таа се слекува за време на животот на единката, обично четири пати пред таа да го достигне адултниотвозрасниот стадиум. Кутикулата е најблиската обвивка која [[Кружни црви|кружните црви]] ја поседуваат до скелетот, и всушност црвот ја користи својата кутикула како поддршка и лост при [[движење]]то. Долгите [[мускул]]и лежат под епидермисот. Тие се наредени лонгитудинално низ внатрешноста на телото, така што нематодата може само да го совива своето тело од една на друга страна, а не да ползи или да се подигнува.

Мускулите се активираат од два [[нерв]]а кои се протегаат по должина на нематодата на двете страни (грбната и стомачната). За разлика од другите животни, каде нервите се разгрануваат до мускулните клетки, истите кај цевчестите црви се разгрануваат кон нервите. Вентралниот (стомачен) нерв поседува серии на [[Нервен центар|нервни центри]] по неговата должина, и двата нерва се поврзуваат со нервен прстен и додатни нервни центри кои се лоцирани во главата.