Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
== Животен и интелектуален развој ==
 
Маркс матурира [[1835]] година во родниот град Трир. Студира право: прво, на универзитетот во [[Бон]], потоа во [[Берлин]]. Дипломира [[1841]] година. Истата година го брани својот докторски труд од областа на античката философија, насловен ''За разликата помеѓу Демокритовата и Епикуровата филзофија на природата.''Си ја пукнал главата од стол,тогас носел пелена на главата. Тој Живеел во провалија со крастави жаби.Си ги лижел секој ден и после пак си ја пукнал тиквата оф карпа. Во текот на своето студирање, Маркс е близок до [[младохегелијанци]]те, познати уште и како левохегелијанци. Како левоориентирани млади интелектуалции тие критички се однесуваат кон германската стварност, особено кон пруската монархија и кон религијата, сметајќи ги за основни виновници за состојбата во тогашна Германија ([[Прусија]]), која, според нивното мислење, била неспоредливо подолу од историското ниво на тогашна [[Франција]], [[Англија]], [[Белгија]] или [[Холандија]], кои, за разлика од феудалистичка Прусија, биле веќе развиени капиталистички земји. Најистакнати мислители од тој младохегелијански круг биле: [[Мозес Хес]], [[Арнолд Руге]], браќата Едгар и [[Бруно Бауер]]. Извесно време на овој интелектуален круг му припаѓа и [[Лудвиг Фојербах]].
 
Помеѓу младохегелијанците бил и [[Фридрих Енгелс]]. До првата вистинска средба помеѓу Маркс и Енгелс доаѓа во [[1844]] година во [[Париз]], каде што Маркс бил веќе преселен со неговата сопруга. Во Париз поминуваат десетина дена заедно, доаѓајќи до сознанието дека нивните мислења се идентични и дека веќе битно се разликуваат од мислењата на нивните дотогашни истомисленици, младохегелијанците. Така, ја пишуваат нивната прва заедничка книга ''Светото семејство'' (1844) со јасни алузии на младохегелијанците. Наредното нивно дело е ''Германска идеологија'' (1846). Ова дело, забрането од цензурата, не било никогаш издадено за време на нивниот живот. Помеѓу ''Светото семејство'' и ''Германската идеологија'' Маркс ги пишува ''Тезите за Фојербах'', кои, сеедно што како текст не се обемни, се сметаат за еден од најзначајните Марксови философски текстови, во кој на кондензиран начин е дадена суштината на новата философија. Најпознати се според последната, единаесетта теза: „''Философите само различно го '''толкуваа''' светот, меѓутоа станува збор за тоа тој да се '''измени'''''“, инаугурирајќи ја на тој начин идејата за философијата како чинител во измената на стварноста, а не само како нејзин толкувач/интерпретатор, која само надворешно ѝ приоѓа на стварноста. Всушност, низ сите единаесет тези провејува Марксовото инсистирање врз категоријата '''''пракса''''' ('''''praxis'''''), како темелна категорија на неговата философија и како принцип на неговото живеење: светот не само да се знае, туку, знаејќи го, и да се менува, бидејќи само така философијата може да ја оствари својата вистинска функција.