Разлика помеѓу преработките на „Плаошник“

Додадени 4 бајти ,  пред 7 години
с
нема опис на уредувањето
с (Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q7201685 (translate me))
с
Меѓу археолошките остатоци во Климетовата црква Св. Пантелејмон се наоѓа и гробницата на самиот свети Климент. Според житието на архиепископот Теофилакт за Климент Охридски, големиот словенски просветител оваа гробница ја направил со своја рака и во неа бил погребан во 916 година.
 
Врз археолошките остатоци на најстариот словенски манастир Св. Пантелејмон, кој во 893 година го изградил св. Климент Охридски, се наоѓа новоизградениот храм. Завршните ископувања во Плаошник во Охрид, археологот [[Владо Маленко]] ги почна есента 1999 година по отстранувањето на остатоците на Имарет џамија. Целта беше да се овозможат услови за возобновувањето на Светиклиментовиот храм. Тогаш археологот Маленко ја откри крстилницата на петтокорабната базилика со кукасти[[кукести крстови]] (свастики) на мозаичните подови кои потекнуваат од периодот меѓу IV и VI век. Се претпоставува дека ова ранохристијанска базилика во Плаошник врз која бил изграден Климентовиот манастир во IX век била посветена на [[Апостол Павле]]. Во Лихнид, денешен Охрид, апостолот Павле христијанството го проповедал во I век од нашата ера.
 
Во 2007 година било откриено депо со 2383 венецијански сребрени монети од 14. век, сите сместени во керамички сад. Монетите се од извонредно значење, бидејќи ја покажуваат трговската врска помеѓу Охрид, односно манастирот "Свети Климент" и Венеција во 14 век, вели [[Паско Кузман]].<ref>[http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DE838A0CC50FAB439AACBCA539A33AA6 Вечер 10.10.2007: На Плаошник откриено депо со венецијански сребрени монети]</ref>