Гоблин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
Гоблините се легендарни суштества, кои потекнуваат од европскиот [[фолклор]] и од [[германска митологија]], потоа поврзани со другите традиции и легенди на зли духови кои имаат свој корен во разните култури (латинската, грчката, келтската итн.). Гоблинот честопати се поврзува со [[коболд]]от од германскиот фолклор и со ''[[ходгоблин]]от'' од англо-саксонскиот фолклор.
Има бројни описи на гоблините. [[Албер Допањ]] вели дека тие се некој вид [[Баба Рога]] (што се вика бублин) која живее во [[пештери]]те. Оваа врска со земјата исто така ја истакнува и Карл Грун <ref>Karl Grün, ''Les esprits élémentaires'', 1896</ref>. Според [[Пјер Дибоа]], гоблините се високи од 40-60 сантиметри и се грди. Главата им наликува на јајце и имаат големи и шилести уши. Воедно имаат зајачки заби. Во расказите каде што ги среќаваме, тие можат да бидат добри или лоши: Дом Лукае во нив јасно гледа демонски суштества, додека Росети и Шефел ги споредуваат со [[самовили]]те и со анѓелите. Тие се блиски и со оние мали суштества кои се поврзуваат со модерната технологија (со [[гремлин]]ите и [[коболд]]ите).
 
== Во книжевноста и во стриповите ==
Во''[[Хобитот Билбо]]'', [[Џ.Р.Р. Толкин]] го употребил зборот « гоблин » за да опише зли суштества кои живеат под [[Магловити планини]] ; во ''[[Господарот на прстените]] '', тој ги преименувал во [[орка (суштество)|орки]] со цел да се разликуваат од легендарните суштества. Потоа, овие толкинови суштества беа употребени во [[видео игри]], особено во ''[[Замоци и змејови]]'' сепак да забележиме дека во Замоци и Змејови, гоблините се разликуваат од орките и од коболдите. Гоблините инспирирале и некои други замислени фантастични суштества.
Гоблините се среќаваат во ''[[Хари Потер]]''. Еден од главните непријатели на [[Спајдермен]] се нарекува Зелениот Гоблин и сл.
=== Во ''Господарот на прстените'' ===
Во делото на Толкин, [[орка (суштество)|орките]] и гоблините се сосем различни видови суштества - орките се џуџиња кои поради Злото во нив се претвориле во зли суштества. Во Хобитот Билбо, варгите се сојузници на гоблините. Постојат и гоблини кои се повисоки и чија кожа е целосно бела. Тие не живеат во Средната земја туку северно, близу до планината Гундабад. Варгите од Гундабад се исто така бели.
Во филмската трилогија ''[[Господарот на прстените (филм)|Господарот на прстените]]'' на [[Питер Џексон]], специфичен е гоблинот кој живее во пештерата и лудо го сака прстенот. Овој отпрвин бил хобит но поради алчност, се претворил во гоблин.
=== [[Замоци и змејови]] ===
Гоблините се мали хуманоидни суштества, високи 1,20 м. Имаат кожа чија боја оди од жолта до зелена останувајќи секојпат мрачна и замаглена. Очите одат од црвено до портокалово. Живеат најмногу до 50 години. Живеат во подземни пештери, гледаат во темно но не ја мразат дневната светлина. Впрочем некои живеат и во низините каде патролираат за да бидат сигурни дека ниеден натрапник нема да им влезе во пештерите. Организирани се племенски, ги мразат [[џуџе (суштество)|џуџињата]] и [[гном]]ите. Ги припитомуваат ворговите (џиновски волци) кои им помагаат во војна.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гоблин