Гоблин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова
 
Ред 18:
[[Податотека:Kobold artlibre jnl.jpg|thumb|лево|Коболд]]
Зборот '''гоблин ''' (на фр. gobelin) се среќава уште во 1195, кратко и изолирано споменат, потоа на [[латински]] јазик во средновековието во формата ''gobelinus'', кај [[Ордерик Витал]], назив на еден демон што талкал во околината на регионот [[Евре]] во Франција, потоа во форма на зборот ''gobellin'' на почетокот на 16 век. Терминот се среќава и во христијанскиот латински како ''gobalus'' « домашен дух », веројатно позајмица од грчкото κοβαλος « зол дух »<ref>[http://www.cnrtl.fr/etymologie/gobelin Site du CNRTL : étymologie de "gobelin"]</ref>. На германски називот за гоблин е коболд.
 
== Потекло ==
Гоблините се легендарни суштества, кои потекнуваат од европскиот [[фолклор]] и од [[германска митологија]], потоа поврзани со другите традиции и легенди на зли духови кои имаат свој корен во разните култури (латинската, грчката, келтската итн.). Гоблинот честопати се поврзува со [[коболд]]от од германскиот фолклор и со ''[[ходгоблин]]от'' од англо-саксонскиот фолклор.
Има бројни описи на гоблините. [[Албер Допањ]] вели дека тие се некој вид [[Баба Рога]] (што се вика бублин) која живее во [[пештери]]те. Оваа врска со земјата исто така ја истакнува и Карл Грун <ref>Karl Grün, ''Les esprits élémentaires'', 1896</ref>. Според [[Пјер Дибоа]], гоблините се високи од 40-60 сантиметри и се грди. Главата им наликува на јајце и имаат големи и шилести уши. Воедно имаат зајачки заби. Во расказите каде што ги среќаваме, тие можат да бидат добри или лоши: Дом Лукае во нив јасно гледа демонски суштества, додека Росети и Шефел ги споредуваат со [[самовили]]те и со анѓелите. Тие се блиски и со оние мали суштества кои се поврзуваат со модерната технологија (со [[гремлин]]ите и [[коболд]]ите).
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гоблин